21.6 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаЗабаваМакедонка организира Space Apps Challenge во Кливленд, Америка

Македонка организира Space Apps Challenge во Кливленд, Америка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Наредниот викенд, на 2-ри и 3-ти Октомври повторно ќе се одржи најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge кој овој пат, поради КОВИД-19 Пандемијата, втора година по ред, ќе биде целосно онлајн.

<

 

 

Иако КОВИД-19 Пандемијата ги наруши сите нормални функции на општеството, можеби еден позитивен исход е тоа што луѓето можат лесно да се поврзуваат онлајн, насекаде низ светот. Можеби, еден таков настан би бил и токму овој хакатон каде што луѓе од нашиот регион може да се пласираат на светска сцена и да ги покажат нивните способности, работејќи со разновидни тимови.

Кливленд ќе се врати на (International NASA Space Apps Challenge) Меѓународниот Предизвик за Вселенски Апликации на НАСА за својата 10-годишнина во 2021 година, откако имаше кратка пауза од една година. Исто така взаемна прослава овој пат е и 80-годишнината од истражувачки центар – НАСА Глен.

Интересен факт е дека, кога истражувате на која локација се одржуваат предизвиците секоја година, ќе видите дека Кливленд како физичка локација секогаш го има НАСА Глен Истражувачкиот Центар. Дополнително, организаторот на овој натпревар во Кливленд оваа година е Мартина Димоска, која што како Македонка, има почнато токму од Македонија, па има мигрирано во Америка и го има искачено ранкот од учесник до организатор низ годините, и оваа година претставува една ваква искториска локација.

 

Space Apps е меѓународен хакатон за кодирачи, научници, дизајнери, уметници, раскажувачи, креатори и секаков вид креативци во градовите низ целиот свет, каде што тимовите се ангажираат со ресурси, вклучително и бесплатните отворени податоци на НАСА, за решавање на проблемите од реалниот свет на Земјата и во вселената.

NASA Space Apps Cleveland ќе се приклучи на овој предизвик оваа година, претставувајќи ги неговите јаки страни: роботика, софтвер, образование, уметност, медицина и многу други области! Апликациите за вселената се за секого! Не е потребно предходно искуство со кодирање или „хакирање“. Тимот на Кливленд е особено заинтересиран да ги истакне луѓето кои што работат во полето на уметноста, визуелизацијата и сличните дисциплини.

Вашето потенцијално присуство на овој хакатон би укажало неизмерна поддршка кон Македонско-Америчкиот тим кој оваа година го организира овој натпревар.

 

Ресурси:

Линк од натпреварите: https://2021.spaceappschallenge.org/challenges

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вили Гајда: „И покрај болеста, дојде времето повторно да се вратам во прилепскиот затвор”

Уставобранителот осуден за 27 април: Повторно во прилепскиот затвор И покрај сериозните здравствени проблеми со кои се соочувам, дојде време повторно да се вратам зад...

Уапсена докторка во Македонија за примање поткуп !!!

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во...

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...