24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПрофесорката од Правниот факултет, Каролина Ристова приведена на скопскиот аеродром.

Професорката од Правниот факултет, Каролина Ристова приведена на скопскиот аеродром.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Професорката од Правниот факултет, Каролина Ристова-Астеруд вчера наутро била приведена на скопскиот аерродром. Според билтенот на МВР:

<

„Во 02:30 часот во Меѓународниот Аеродром – Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно и дрско однесување и со навредување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. И бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, стои во билтенот.

Таа попладнево преку Фејсбук статус потврди дека била приведена, но вели дека инцидентот започнал поради незјин обид да пријави сомнителна торба.

„Точно е дека имаше голем и сериозен инцидент, како и дека бев приведена со лисици во полициската станица на аеродромската полиција, и држена таму цела ноќ, докај 7 часот наутро вчера, повеќето време “оставена” на клупа со лисици, како небаре не сум таму, а , од тоа што видов , инволвираните се собраа за да се “искоординираат”, најверојатно за нивната верзија за во записник, како за тоа што најавив правна акција од мене , а и бајаги по телефони, а од тоа што случајно слушнав не беше баш за професионалниот дел ( “ма и на министерот да му се јави, многу ми е гајле, ништо не ми може”). Ударно, сакам да и соопштам на јавноста дека не е точно дека било во врска со мое одбивање да покажам потврда за вакцинација. Целиот инцидент започна по поминување на пасошка контрола, и заради мој обид за пријавување на сомнителна торба ( во аеродромски услови тоа подразбира и торба која е оставена сама) во делот на превземање на багажот од страна на патниците“, објаснува професорката.

Таа вели дека обвинувањата што се на нејзина сметка треба да одат на страната на дел од полициските службеници од граничната полиција.

Најави дека случајот ќе го пријави во внатрешната контрола на МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...