18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаКондовски: Опрема за вештачки снег и нови ски лифтови за Ски центарот...

Кондовски: Опрема за вештачки снег и нови ски лифтови за Ски центарот “Ниже Поле”

Проект за модернизација на Ски-Центарот Ниже Поле преку набавка на нови ски лифтови и опрема за вештачки снег, денеска во Ниже Поле, промовираше кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за градоначалник на Битола, Христо Кондовски.

„Битола не би била Битола без современ ски центар! Тоа е желба на битолчани, тоа е дел од нашата програма! Битолскиот регион и потпелистерието има огромни потенцијали за туризам, забава, спорт и рекреација. Треба ефикасно да ги искористиме за развој на зимски туризам. Затоа, ветувам значајни инвестиции во нашиот популарен Ски центар Ниже Поле, заради негова зголемена вредност и подобра функционалност. Ќе се инвестира во современа опрема за заснежување и правење вештачки снег. Трите ски лифтови ќе се заменат со нови“ – изјави Кондовски.

Во првата фаза на проектот ќе се набави и монтира опремата за вештачки снег, а втората фаза опфаќа замена на трите ски лифтови со нови.

„Љубителите на зимските спортови, скијање, бордање и рекреација ќе добијат патека со снег и во периоди кога временските услови не го дозволуваат тоа.Народски кажано, во зима ќе се скија и кога нема снег!“-рече Кондовски.

Проектот ќе се реализира во партнерство на ЈП Стрежево, Општина Битола и Владата.

Планираниот износ од буџетот на општината за овој проект, за кој веќе е изработена студија, ќе изнесува околу 200.000 евра. Остатокот на средства за реализација на проектот ќе го обезбеди ЈП Стрежево.

„Изминатите 4 години се работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт. Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините.Бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ. Каква ни е општината, таков ни е животот. Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот. Во Битола ќе обезбедиме и развој и подобар живот со проектот за модернизација на Ски центарот Ниже Поле. На ваков начин, продолжувајќи го развојот со најдобрите проекти, заедно ќе го постигнеме најдоброто за Ниже Поле, најдоброто за Битола и битолчани“ – рече Кондовски.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...