24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСонот ЕУ како недостижен: Нема гаранции за Западен Балкан

Сонот ЕУ како недостижен: Нема гаранции за Западен Балкан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема влез во ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан додека Унијата не се реформира. Наместо гаранции, нови услови, но овој пат за Европската Унија. Дека земјите нема да имаат целосно јасни шанси за полноправно членство ќе има и на писмено, бидејќи Франција сака да ја задржи можноста да го блокира приемот на нови членки доколку ЕУ во наредните години не се реформира согласно француските очекувања, и бара тоа да влезе во декларацијата која треба да биде објавена по синоќешните долги разговори и преговори. Германската агенција ДПА повикувајќи се на свои извори во германската дипломатија објави дека ова е еден од главните услови. Колку и да се спремни земјите од Западен Балкан, нивната ЕУ перспектива ќе зависи од тоа колку и како ќе се развива целата Унија.

<

Во нацрт верзијата на Декларацијата за Самитот, ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, но и ригорозната условеност.

„ЕУ ја потврдува својата посветеност кон процесот на проширување и нејзините одлуки донесени врз основа на веродостојни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и по принципот на сопствени заслуги“ – стои во нацрт верзијата.

Како што јавува ДПА, другите точки од декларацијата кои главно се однесуваат на демократијата, владеење на правото, јакнење на граѓанското општество и плурализмот на медиумите не биле спорни за претставниците на членките на ЕУ кои преговарале во текот на ноќта, во очи на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Словенија

Дека Унијата не може да даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји покажува и Декларацијата која претходно ја објави Ројтерс, повикувајќи се на свои дипломатски извори, според која се вели дека Унијата плашејќи се од политички реакции во земјите-членки веќе не може да се согласи да даде гаранции за земјите од Западен Балкан да станат дел до европското семејство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...