22 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАСОМ: Префрлени по 60.000 денари за семејствата на настраданите во тетовската болница

АСОМ: Префрлени по 60.000 денари за семејствата на настраданите во тетовската болница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) на средба со Црвениот Крст ја официјализираше донацијата за семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Согласно договорот, на сметката на Црвениот Крст веќе се префрлени по 60.000 денари од АСОМ, кои Црвениот Крст ќе ги распредели на семејствата на настраданите.

<

„Ние уште еднаш изразуваме длабоко жалење за трагедијата и сочувство до семејствата на жртвите. Факт е дека ништо не може да ја надомести нивната загуба, затоа што човечкиот живот е ненадоместлив, но веруваме дека во вакви моменти секоја поддрша е добредојдена. Токму од овие причини, Асоцијацијата на спортски обложувалници со сите нејзини членки само два дена по несреќата донесе одлука, како и многу пати до сега, да делува одговорно и да обезбеди помош на оние на кои помошта навистина им е потребна. Најдобриот начин да ја реализираме донацијата беше токму преку нашиот партнер Црвениот Крст кој ќе се погрижи паричните средства да стигнат до секое семејство на настраданите во пожарот“. – истакнуваат од АСОМ.

Општествената одговорност на компаниите, институциите и организациите во државата во активностите кои ги презема Црвениот Крст за намалување на ранливоста на целните групи, како и поддршка на семејствата во ризик е од исклучителна важност за да се истакнат хуманите вредности и социјалната димензија на нашето општество. Во име на нашата организација, но и во име на семејствата во оваа прилика изразуваме благодарност до АСОМ и сите нејзини членки кои ја препознаа потребата од помош и донираа средства за семејствата на настраданите во пожарот во тетовскиот Ковид центар“.- изјави Сузана Т. Пауновска, Секретар на Црвен Крст на град Скопје.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...