27.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСекој средношколец или студент што веднаш ќе тргне на работа ќе добие...

Секој средношколец или студент што веднаш ќе тргне на работа ќе добие стимулации од државата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, најави дека секој средношколец кога ќе матурира, или студент кога ќе дипломира, да добие државни стимулации доколку веднаш тргне на работа.

<

– Младите тргнуваат на работа на 30 години, односно пред да стапат во брак. Секој што веднаш ќе тргне на работа на 18 години по средното училиште, или на 22-23 години по факултетот, ќе добие платени придонеси од државата и други стимуланси само да ги натераме да тргнат на работа, рече Заев.

Премиерот додаде дека ќе биде помагано и практиканството, а целта е невработеноста кај младите да се намали на ниво од 17 отсто. Придонесите ќе бидат платени од државата во првите години од вработувањето, а за останатото само рече дека ќе бидат „награди“.

Заев додаде дека енергијата на младоста ќе биде дополнителен стимуланс и ќе ја придвижи економијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...

Во критична состојба се наоѓа Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец

Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец е тешко повреден управувајќи мотор и се наоѓа во критична состојба. Несреќата се случила на позната патека...

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...