20.9 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР молчи за наводната трговија со лавчиња – нема издадено дозвола за...

МВР молчи за наводната трговија со лавчиња – нема издадено дозвола за увоз на такви животни

Веќе шест дена Министерството за внатрешни работи (МВР) не одговара на прашањата на Радио МОФ во врска со наводниот увоз на лавчиња во земјава, откако на социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии и видеа на кои се гледаат повеќе лица кои позираат со мали лавчиња. Оттаму не одговорија на нашите прашања за тоа дали имаат информации за ваков случај, дали се води некаква постапка и кои закони се евентуално прекршени во овие случаи.

Од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ за Радио МОФ објаснуваат дека за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), но посочуваат дека од институциите досега не добиле никаков одговор.

„Но, во едно сме сигурни, дека овде се вклучени институции, т.е. некој институционално го прикрива внесот на животните. Овие животни не можат да поминат незабележително и на граница, во опкружувањето каде што нели овие ги пуштаат, шетаат, држат“, велат тие.

Дополнително, тие тврдат дека овие лица не се кријат, не прикриваат траги и докази, односно јавно се експонираат, додавајќи дека тие не се плашат ни од институциите.

Дека во земјава не била издадена ЦИТЕС (Спогодба за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора) дозвола за увоз на лавови, потврдува инспекторот Пејо Кировски од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за Радио МОФ. Тој појаснува дека таквата дозвола ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а е потребна за влез во земјава. Исто така, додава, дозвола е потребна и од државата од каде се увезува животното.

„Лавовите за да влезат во Македонија значи треба да поминат граница. На граница има царинарници, полиција и инспектори од АХВ бидејќи вршат ветеринарен преглед, доколку легално се внесуваат. И во случајов станува збор за криумчарење, доколку има“, објаснува Кировски.

Доколку се открие дека во земјава има лавчиња, според закон тие можат да се одземат, но проблемот настанува отпосле, поради тоа што тие нема каде соодветно да се згрижат.

По Законот за природа, Кировски појаснува дека државата треба да има депозитар за одземени ранливи повредени видови во вакви случаи, нешто што во моментов не постои.

„Честопати во пресрет ни излегувала зоолошка градина, доколку има услови за одредени, затоа што на пример во ситуацијата тој вид не смее да се носи во зоолошка градина од причина што, таму има многу животни, може да предизвика одредени заболувања, болести, зарази. Треба да се направи ветеринарен преглед, треба да се чува во карантин и во соодветни услови“, вели Кировски.

Претходно, активистката за заштита на животни Тина Мицковска која го актуелизираше ваквиот проблем, за Радио МОФ изјави дека за случајот се информирани сите надлежни институции. Со праксата на шверцување лавчиња, објаснува таа, тие обично завршуваат во ресторани во мали кафези, каде, како што вели, немаат простор за движење со што е загрозена нивната благосостојба.

М.К.Извор: Радио Моф

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено...

После 24 години во Македонија ќе се отвори средно полициско училиште !!!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција...

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција зборуваше за поставувањето на безбедносните камери. На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања,...

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, едно лице загина !!!

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице, го загубило животот. На излез од село...