21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаРадев: Северна Македонија да ја признае историската вистина, како што тоа го...

Радев: Северна Македонија да ја признае историската вистина, како што тоа го направи со Грција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нашите позиции се јасни. Сè додека продолжува овој вид на преродбен процес, сè додека нашите сонародници продолжуваат да подлежат на суптилна асимилација, потиснати се нивните основни права и не се интегрираат целосно во Северна Македонија заедно со другите нации, не можеме да кажеме „да“ за почеток на преговорите. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев на самитот во Словенија.

<

Тој ја повика Македонија безусловно да се придржува кон Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, доколку сака да се приклучи кон ЕУ. Радев исто така очекува македонските власти да ги прекинат, како што вели, идеологиите на тоталитарното минато, со македонизмот и омразата кон Бугарија.

Очекуваме искоренување на говорот на омраза, заблудата и толкувањето на Бугарија од учебниците, спомениците, музеите и јавната политика. Тогаш нашите луѓе се подготвени да кажат да. Сакаме јасни правнообврзувачки документи. Македонските Бугари да се рефлектираат во пописот. Сакаме како што се призна историската вистина во односите со Грција, да се признае и историската вистина во односите со Бугарија. Раскинување со македонизмот и омразата кон Бугарија и донесување јасни одлуки“, нагласи Радев.

Тој додаде дека потиснувањето на правата на македонските Бугари, кои се државјани и на Бугарија, е предизвик и за ЕУ, бидејќи тие се и граѓани на Унијата. Рече дека повикал на европска солидарност. Ова не е ниту вето ниту запирање на процесот, вели Радев и додава дека Бугарија сака почитување на основните европски принципи и интересите на секоја земја.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...