Заев: Никогаш не сум ги видел Макрон и Меркел така упорни и прецизни

Ден по самиот на ЕУ – Западен Балкан се собираат импресиите, ставовите и заклучоците. Лидерите на Европската унија упатија силна поддршка за надминување на спорот со Бугарија преку декларација која произлезе од самитот.

Премиерот Зоран Заев досега не ги видел толку прецизни и јасни Макрон и Меркел во разговорите со него и со претседателот Радев по вчерашниот самит.

Декларацијата која вчера е усвоена не била попрецизна од 2003 година и зборува за проширувањето со сите детали. Одговори и на барањето на бугарскиот претседател Радев – во моментов не се отвора уставот за да ги вклучи Бугарите како етничка заедница.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here