16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов предизборно се пофали: Скопје го добива најдобриот забавен парк во регионот

Шилегов предизборно се пофали: Скопје го добива најдобриот забавен парк во регионот

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција го претстави проектот за новиот забавен парк во Скопје, чијашто изградба беше одложена со консензуална одлука на Советот на Град Скопје на почетокот на светската пандемија на Ковид-19 вирусот.

Во Април 2020-та, сите советници во Советот на Град Скопје, консензуално донесоа одлука да ја одложат изградбата на Луна Парк и парите на даночните обврзници да бидат пренаменети за некои други кризни, пандемски проекти и трошоци. Тоа е еден од ретките примери кога советниците во градот успевале да донесат правилна и издржана одлука, необременета со популизам и печалење на политички поени, изјави градоначалникот Шилегов.

Денес, година ипол по оваа одлука и со пандемија на којашто и се наѕира крајот, сметам дека е време да го вратиме забавниот парк на агендата на градот и да започнеме со градба кон крајот на оваа година. За забавниот парк Градот има обезбедено проект, обезбеден буџет, соодветен план за јавни набавки и обезбедена локација за градба, додаде тој.

– Скопје треба да стане регионален туристички центар. Стотици туристи секој викенд со автобуси доаѓаат од соседни држави за да ги посетат нашите детски атракции како Скопската Зоолошка или Дино Паркот. Дино паркот е единствен во регионот, а зоолошката една од подобрите во него. Со забавниот парк Скопје станува дополнително попривлечен за семејниот туризам, со оглед на тоа што ваков забавен парк нема во радиус од 300 км од Скопје, нагласи Шилегов.

Забавниот парк ќе се наоѓа на истото место како стариот Луна Парк на парцела со иста големина и со ист број на дрвја, зашто проектот е таков да ниедно не треба да се пресече. Предвидени се 27 реквизити, односно содржини, за три различни возрасти на деца. Детски дел, семеен и екстремен. Адреналинските содржини од екстремниот дел за најголемите деца ќе можат да бидат користени и од повозрасните. Како на пример ролеркостерот кој ќе биде најголемиот на Балканот, а ќе можат да го користат и возрасните, продолжува Шилегов.

– Паркот ќе може да прими до 3000 посетители секој ден, или преку милион посетители годишно. Ќе биде изграден според сите стандарди за квалитет и безбедност. Покрај реквизитите, предвидени се и ресторани, сувенирници, тоалети, други продавници и придружни содржини за што попријатен престој на посетителите, додаде Шилегов.
Би сакал да нагласам дека идејното решение е од Франко Бараѕони кој има проектирано преку 50 светски забавни паркови во светот, потенцираше Шилегов.

Во однос на рокот за изведба градоначалникот Шилегов најави дека тендерот се распишува после изборите, а паркот треба да биде готов летото 2023 година, односно за 18 месеци.

Креираме нови работни места, ја помагаме локалната економија. Проектот е целосно самоодржлив, за реализација на овој проект се бара изведувач кој ќе го финансира и нема да има буџетски импликации на град Скопје. Се очекува паркот да се исплати сам за три години, а потоа градот ќе заработува и ќе вложува во нови проекти. Создаваме одржлива градска организација, нагласи Шилегов

– Скопјани добиваат најдобар парк во регионот за нула денари, Скопјани го добиваат најдоброто. Скопје е град за сите. Инвестираме и во благосостојбата на возрасните, и во онаа на младите, а сега ви ги претставувам нашите инвестиции за нашите најмили – децата. Јас не ветувам брзи и лесни проекти, туку стратешки проекти кои го решаваат Скопје за следните 50 години, порача градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...