18.5 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСточар од Радовишко се жали дека 4 крави му угинале од повреда...

Сточар од Радовишко се жали дека 4 крави му угинале од повреда од нелегално поставена жица како ограда

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Иван Камчев од село Дедино, Радовишко, ни се обрати за помош за решавање на проблемот со кој се соочува. Се обидува да дознае каде треба да се обрати и кој е одговорен за поставување на како што вели тој нелегална жица од која се повредува добитокот што пасе во близина. Како што ни кажа Иван, има узурпација на 100 декари државно земјиште кај езерото Мантово, кое е оградено со нелегално поставена жица на која се повредуваат кравите кои пасат на пасиштето.

<

„Кравата е исечена од таа жица што се гледа на сликата и самите можете да видите дека тоа е жица што е забранета законски. Местото се наоѓа на езеро Мантово, а човекот има заградено 100 декари државно место кое се води како пасиште за стока. Кравата беше сета исечена и не можевме да ја спасиме и веќе оваа е четврта крава така што се повредува. Никој не сака да ни помогне, се обративме во неколку институции и сите велат дека тоа не било нивна работа. Затоа ве замолувам ако можете да ни помогнете да се отстрани оградата поради која страда стоката“, вели Иван.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...