13.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Граѓаните знаат дека милиони евра им враќаме назад, ние не трошиме...

Заев: Граѓаните знаат дека милиони евра им враќаме назад, ние не трошиме пари за увоз на струја..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев од општина Маврово Ростуше порача дека зелената агенда е во пол ек и останува приоритет на Владата предводена од СДСМ и коалицијата.

<

„Зелената агенда веќе е во полн ек. Таа носи чисти извори на енергија, нови милионски инвестиции и најважно, ја штити животната средина. Токму тука во Маврово Ростуша ќе инвестираме во поставување канализациска мрежа со пречистителна станица во Маврови Анови. Така се работи домаќински и одговорно. Во следниот период целиот фокус го насочуваме за да ја заштитиме оваа прекрасна природа која привлекува илјадници домашни и странски туристи во текот на целата година. На Маврово Ростуша му треба континуитет на добрите политики и проекти“ – рече Заев.

Тој посочи дека како што се развива државата, како што се развиваат општините, така ќе се насочуваат кон унапредување на енергетскиот сектор, ориентирајќи се кон обновливите извори на енергија.

„Нашата држава денес не троши милиони евра на скап увоз на струја. Тие пари ги вложуваме во поддршка на граѓаните и бизнисите и ете како се обезбедува егзистенцијата на луѓето – на дело. Произведуваме струја од сонцето, од ветрот, а наскоро и од отпадот. Поставуваме канализациски системи и пречистителни станици за да ги заштитиме водите и почвата. Токму ова се европските стандарди што со Најдоброто ги носиме во секоја општина како и тука во Маврово Ростуша. Затоа на 17ти да гласаме за Најдоброто, да гласаме за број 12“- додаде претседателот на СДСМ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Албанија: Македонски државјанин се удави на плажа кај Драч!

Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин. Како што информира албанската полиција, несреќата се...

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...