16.9 C
Ohrid
вторник, јули 8, 2025
ПочетнаМакедонијаКондовски: На сите граѓани им го честитам 11-ти октомври, денот првенец на...

Кондовски: На сите граѓани им го честитам 11-ти октомври, денот првенец на сенародната борба за слобода и правда

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На сите граѓани им го честитам 11-ти октомври, денот првенец на сенародната борба за слобода и правда. Денот кога започна остварувањето на големиот македонски сон – сопствена држава и државност!
Чествувајќи го споменот на загинатите борци во НОБ, денеска славиме 80 години од почетокот на народното антифашистичко востание, 80 години борба за слобода и човекови права.
Благодарение на нив, денес живееме во независна и суверена држава!
МАКЕДОНСКИОТ ПАТ Е ПРОГРЕСИВЕН!
Нашата држава е земја членка на НАТО алијансата во која слободата и демократијата се основен постулат.
Ова е време во кое преземаме целосна одговорност за сегашноста, но и за иднината во која ќе живеат нашите деца, идните генерации.
Посветено ќе одговориме на актуелните предизвици за подобро утре за сите, за поквалитетен живот во спокој и благосостојба.
Нашата држава покажа дека е зрела да ја развива демократијата и економијата, а ние гордо го прифаќаме предизвикот да работиме на унапредување на нашата општина – градот, но и селата. Затоа градиме за сите генерации! Нашите проекти ги носат најдобрите решенија за сите категории граѓани!
Нека е честит 11-ти октомври!
СЛОБОДА СЕКОГАШ, РЕЖИМ НИКОГАШ!

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...