8.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата се пофали со оброк за студентите ама за кого како -...

Владата се пофали со оброк за студентите ама за кого како – едни имаат дупла сума, на други не им стигнал ни денар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На сите студенти што добиле решение дека ги исполнуваат условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе им бидат исплатени средствата, уверуваат од МОН

<

На некои студенти не им се стасани парите што требаше да ги добијат за субвенциониран студентски оброк, а на некои, пак, им се стасани двојно повеќе на сметките, реагираат студенти кои се обратија до редакцијата на Факултети.мк, а кои требало да ги добијат парите. Оваа новина треба да биде системско решение уредено со закон, со кое на младите треба да им се олесни животот во текот на студирањето, односно да добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината.

– На голем дел од студентите не им се стигнати паричните средства, а од друга страна, на некои студенти им се стигнати двојно повеќе. Бев во Министерството за образование и наука (МОН) лично да прашам зошто не ми се стигнати парите, па излезе дека моите и парите на други студенти се, всушност, пратени на погрешно место (кај оние што добиле двојно). Не се знае дали ние што не сме добиле, ќе ги добиеме тие пари од септември. Ако не реагирав во МОН, залудно ќе си чекав – вели студент во писмената реакција испратена до нашата редакција.

Ги прашавме надлежните од МОН во што е проблемот, а оттаму уверуваат дека на сите студенти што добиле решение дека ги исполнуваат условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, средствата ќе им бидат исплатени.

– Исплатата почна минатата недела и најголем дел од студентите ги добија средствата за 15 дена од месец септември, а во текот на оваа недела ќе ги добијат и другите студенти – велат оттаму.

Во врска со ова реагираа и одговорните од Универзитетското студентско собрание, од каде што соопштија дека сите студенти што не ги добиле средствата за деновите од септември (1.440 денари) на име „субвенциониран студентски оброк“, треба да пратат е-порака со име и презиме и идентификациски број на апликацијата на адресите: [email protected], [email protected] или на [email protected].

– Запознаени сме со информацијата дека на студентите им стигнаа околу 1.400 денари на сметките на име субвенциониран студентски оброк. Студентите можат да го остварат ова право секој работен ден започнувајќи од 15 септември, така што овие скратени средства од 1.400 денари се за деновите од септември. Апелираме до Министерството за образование и наука веднаш да изнајде начин на студентите да им бидат исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк на почетокот од тековниот месец, бидејќи нема смисла средствата да се исплаќаат за месец што веќе поминал. УСС ќе поднесе писмено барање до МОН за исплаќање 2.400 денари во октомври за оброците што би требало да бидат обезбедени во октомври, и на тој начин да се фати редот и да се продолжи со редовно месечно исплаќање на средствата. Бесмислено е да се рефундираат средства кога целата идеја е да им се помогне на оние што во моментот немаат доволно – реагираа неодамна од Универзитетското студентско собрание.

Целиот текст тука.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...