4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНајмногу болат детските солзи: „Сакам јадење и децата да не ме исмеваат...

Најмногу болат детските солзи: „Сакам јадење и децата да не ме исмеваат на училиште дека мама и тато немаат пари“

spot_img

Стојче Јакимов од село Ерџелија, Свети Николе има 37 години. Имал скромно детство, но бил среќен затоа што имал храна и сигурен дом. Тој се жени со Татјана пред 15 години. Им се раѓаат три прекрасни дечиња Бојана, Давид и Викторија. Стојче, никогаш не верувал дека ќе се најде во многу тешка ситуација. Да нема услови да ги прехранува сопствените деца и да се плаши да не му се урне куќата и да убие некого. Вака, Стојче низ солзи почна да го раскажува својот тежок живот во емисијата „Срце на дланка“.

Животот на ова семејство започнува да се лизга надолу, кога еден по друг и Стојче и неговата сопруга остануваат без работа. А, кога во една куќа нема редовен прилив на средства, сите знаеме дека резултатот е пропаѓање на куќата, глад и сиромаштија.

Стојче имал многу стресови, кои подоцна ќе се одразат и врз неговото здравје. А, како резултат на нервозите и нездравиот живот, тој денес боледува од сериозни болести, меѓу кои и чести напади на епилепсија. Моментот кога неговата сопруга поради тешкото пораѓање, е настан кој Стојче нема да го заборави.

Кога синчето има само еден месец старост, се разболува од срцева болест, па мора да лежи долго време во болница во Скопје. Стојче останува сам со децата, но секој ден ја посетува сопругата во Скопје. Поради тоа што нема ниту денар во џеб, тој мора да запира автомобили, па авто-стоп да стигне кај својата сопруга. Еден ден, докторот да му кажува дека животот на Тања, виси на конец. Силните молитви за здравјето на Тања, веројатно ќе ја вратат во нивниот семеен дом во Ерџелија, но тоа секако ќе се одрази врз нејзиниот живот подоцна. Тања иако има само 35 години, е многу болна, а дури и во таква состојба, мора да чува три мали деца.

Во домот на Стојче со месеци се случува да не затропа лажицата. Тие заедно со децата со години јадат само леб и кромид. Помош, ќе кажат и Стојче и Тања добиваат само од нејзините родители, но, бидејќи и тие се сиромашни, понекогаш со нив го делат и последното залче леб.

Детските солзи најсилно болат. Многу е тешко кога уште како дете ќе ја запознаеш темната страна на животот, посебно сега, во 21 век, кога ваши врсници гледате дека имаат и од пиле млеко. Децата на Стојче и Тања, освен што немаат елементарни услови за живот, дополнително се соочуваат со дискриминација во училиште, каде често се предмет на потсмев на другарчињата, затоа што не носат храна, немаат нова облека и прибор за учење како останатите. Овие три мали ангелчиња го користат најевтин телефон кој им бил даден за учење, минатата година. Но, тие се скромни и задоволни и за оваа можност. Дечињата иако би сакале, сепак не се охрабруваат да поканат другарче дома, затоа што се срамат дека куќата им е пред распаѓање. Досега ниту еднаш не го прославиле својот роденден. Не знаат што значи славење на роденден, со едноставно дување свеќички на роденденска торта. Но, и тоа како имаат желби и знаат да кажат што сакаат и каков живот сакаат да имаат.

Ова семејство бара малку. За нив тоа ќе биде многу. Замолуваат само некој да ги вработи возрасните, за да можат да имаат сигурен денар во домот, барем за храна. И, ако може некако да му се помогне на Стојче да санира некоја соба, додека не паднала цела куќа и не повредила некое дете.

Ова семејство ќе ја цени секоја помош. Затоа, доколку сакате да им помогнете, тоа може да го направите на следната сметка:

Татјана Јакимова

210501676694325

Телефон: 075/650 873

Автор: Оливера Петрушевска
Prikazna.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...