16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПретседателот на ЕПП Доналд Туск преку видеопорака на македонски јазик ја поддржа...

Претседателот на ЕПП Доналд Туск преку видеопорака на македонски јазик ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ЕПП Доналд Туск преку видеопорака на македонски јазик ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Христијан Мицкоски и кандидатите за локалните избори со порака дека имаат брилијантен тим.

– Како ваш посветен и лојален сојузник, сега и секогаш ве повикувам да излезете на изборите и да го дадете вашиот глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Ја поддржувам вашата земја како премиер на Полска и како претседател на Европскиот совет, ве поддржувам денес и ќе продолжам да ве поддржувам и во иднина. Ги заслужувате највисоките стандарди, почит и ефикасна држава. Навистина сум импресиониран од позитивните промени кои се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски. На локалните избори, партијата е претставена од брилијантен млад тим полн со енергија. Се работи за нови луѓе во светот на политиката кои се истовремено чесни и компетентни. Се работи секако за ваш избор, но како ваш пријател кој секогаш ги поддржува Македонците во нивните напори за подобра иднина сакам да ви кажам дека доколку јас гласав со вас на овие избори, без задршка ќе го одберев ВМРО-ДПМНЕ. Секако одлуката е ваша. Вашата иднина е во ваши раце – порача Туск.

Мицкоски на Фејсбук му се заблагодари на Туск за поддршката.

„ Благодарност за поддршката од најголемото политичко семејство во Европската Унија, EPP – European People’s Party и нејзиниот претседател Donald Tusk, кој е и поранешен премиер на Полска и претседател на Европскиот совет.

ВМРО-ДПМНЕ се бори за ЕУ која ќе овозможи иднина за сите луѓе во Македонија, за заедничките европски вредности, за наше идентитетско почитување што подрабира вреднување на нашиот јазик, на она што навистина сме, што се гледа и од самата поддршка на нашиот пријател Туск. Заедно и одлучно, сите ние и нашите пријатели ќе создадеме нова иднина“, напиша на Фејсбук Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...