29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСе одолговлекува набавката на јаглен за „РЕК Битола“

Се одолговлекува набавката на јаглен за „РЕК Битола“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во услови кога на земјава и се заканува енергетска криза, се одолговлекува набавката на јаглен за потребите на „РЕК Битола“ и „ТЕЦ Осломеј“. Од ЕСМ соопштија дека рокот за набавка на 1,2 тони јаглен се пролонгира. Понудите требаше да се отворат до денеска напладне, но сега рокот се продолжува за пет дена, односно до понеделник 18 октомври, или ден по изборите, нешто што државава не смее да си го дозволи во вакви вонредни услови. Зошто се одложува набавката, конкретно образложение нема.

<

„Во анимирање и поттикнување на компаниите од регионот да се јават на повикот вклучени се и Стопанската комора и македонската Влада. Планот на А.Д. „ЕСМ“ е да набави јаглен. Продолжува засилениот ископ на домашен јаглен, но за да можат во краток рок да се вклучат максималните капацитети на термоелектраните согласно потребите на стопанството за поевтина струја, потребно е да се набави јаглен и сметаме дека постапката успешно ќе се реализира“, велат од „Електрани на Македонија“.

Она што дополнително загрижува е што Македонија нема јасна стратегија како ќе ја преживееме зимата во услови кога во светот нема доволно енергенси и се соочува со екстремно високи цени на струјата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски критикуваа за неспособност, и предупредува дека поради проблеми со ископ на јаглен, државата ќе биде приморана на да набавува.

Од СДСМ демантираат дека ќе се носи, односно ќе се купува јаглен од Косово. Велат, се уште не се знаело од каде ќе се набави.
Во меѓу време, премиерот Зоран Заев прв пат призна дека земјава се соочува со енергетска криза, и не знае дали по Нова година ќе имаме нова поскапа цена на струјата. Она што е неминовно е дека не чека нов ценовен шок.

Во меѓу време, граѓаните и стопанственици секојдневно слушаат дека ни се закануваат драстични поскапувања како последица на неминовниот раст на цената на струјата. Бизнисот се жали дека е веќе на удар од повисоки сметки и проблеми во набавката на киловатите, и бара да се интервенира за да се спречат ценовните шокови.

Извор: Алфа ТВ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...