27.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Кој сум јас да кажам дали Рашковски е невин, но јас...

Заев: Кој сум јас да кажам дали Рашковски е невин, но јас мислам дека е невин !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Oбвинителниот акт кој во петокот го поднесе обвинителството со кое раководи Вилма Русковска, е поднесено против седум лица и опфаќа четири јавни набавки, но и исплата на хонорари. Рашковски во случајот се товари дека извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и кривично дело перење пари
И по обвинението кое минатиот петок го поднесе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, премиерот Зоран Заев, е убеден дека поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски, е невин.

<

Како и досега, Заев застана на негова страна велејќи дека софтверот за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци бил потребен и Владата стои зад тоа.

„Презумцијата на невиност треба да се почитува за секој. И како опозиционер и во делот на случаи кои ги има против моите политички противници односно високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, јас секогаш принципиелно стојам на овие прашања. Судот ќе покаже дали има таму кривично дело или нема. Јас сум ги кажал моите ставови затоа што сум работел со овој човек, го знам проектот, владата донела одлука за овој проект и треба заради безбедноста во сообраќајот“,

рече Заев зборувајќи за овој случај во емисијата „200“ на Алсат ТВ.
На прашање дека „сега има и три други нови обвиненија, дали уште верува дека можеби Рашковски е невин“, премиерот одговори дека „секако верува, но кој е тој да каже“.

„Да, секако верувам дека е невин. Но, реков кој сум јас. Тоа судот треба да го каже и секако со правосилна судска пресуда. Но, што е важно? Важното е дека законот важи еднакво за сите, сите сме рамноправни пред законот. Ако некаде постои сомневање, денеска се гонат сите. На крајот во судска постапка се утврдува кој е виновен, кој не“,

рече Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...