Екипата на Инфомакс во текот на вечерва беше повторно нападната на овој предизборен молк.
Уредникот Митовски преку видео детално објаснува за ситуацијата во која се најде екипата на Инфомакс.
„Ако на некој досега не му беше јасно со каков хибриден режим се соочуваме во Македонија, верувам ќе ви стане јасно вечерва. Откако во текот на вчерашниот ден екипата на Инфомакс во Прилеп беше задржана, приведена и претресувана во полициската станица во Прилеп по пријава на наводно инспекторката за наркотици, инаку блиска пријателка на уапсениот началник на ПС Прилеп Чипси, кој што беше фатен со 200 килограми дрога од страна на американската агенција за борба со дрога (ДЕА), вечерва повторно екипата на Инфомакс во Прилеп во главниот штаб во градот е нападната и нивната камера е искршена“. – истакна Митовски.
„Се обидуваме да ја вратиме снимката од настанот за да можете да видите што точно се случило, но од она што можам да ви го кажам, е дека, екипата на Инфомакс се обидела да сними дека се прекршува предизборниот молк во Прилеп, и тоа во главниот штаб на СДСМ во градот. Се прекршува предизборниот молк, се обиделе да ги прашаат присутните што прават таму и дали се свесни дека прекршуваат изборен законик и прават кривично дело, кои што биле нападнати и била искршена нивната камера. Во моментот екипата на Инфомакс во полициската станица во Прилеп каде што го пријавија настанот. Овој настан како и вчерашниот ќе биде пријавен до сите меѓународни институции, ќе биде пријавен до ОБСЕ, до сите меѓународни новинарски институции, до сите амбасади и претставништва на меѓународни организации во државата.. Се надевам дека оваа власт конечно ќе вразуми и ќе почне да функционира онака како што ветуваше на изборите во 2016 г-2017 г, па и лани“. – вели Митовски.
„Ова што се случува во моментов не е хибриден режим, туку ова е едноумие. Ако некој мисли дека со насилство ќе ги исплаши Инфомаксовци, многу сте се излажале. Во овој момент една екипа останува во Охрид каде што бевме ние, друга екипа оди на друго место во Македонија, за да ве изненадат кога правите поткуп. Јас од Охрид директно се упатувам во Прилеп, па да видиме кои се тие големи фраери од штабот на СДСМ и му порачувам на кандидатот кој што се шеташе низ Прилеп, да ме почека таму во Прилеп и да се видиме, да поразговараме кој ја дал наредбата да се тепаат новинари кои што нормално отишле да прашаат што се случува во Штабот и дали се свесни дека прават кривично дело“. – потенцираше Митовски.
„Ова е срамно и бедно. Вие се боревте против режим и се боревте да обезбедите слобода на говор и слобода на медиумите. Ова е далеку од слобода на медиумите и далеку од слобода на говор… Ова е мизерија!… Дно на дното“. – дополни Митовски.
Преносот во живо може да го следите ТУКА.