20.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаСопругата на претседателот Стево, ќе доделела на 100 луѓе по 5.000 евра-Со...

Сопругата на претседателот Стево, ќе доделела на 100 луѓе по 5.000 евра-Со лажни страници на познати личности и брендови – низа нови измами преку Фејсбук во Македонија !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со користење на имињата и фотографиите на познати брендови и личности, измамниците повторно целат кон податоците на популацијата.

<

Со отворање лажни профили и Фејсбук страници, непознати лица организираат непостоечки наградни игри, во кои корисниците треба да искоментираат одредени нешта, на пример првата буква од името или точен збор кој тие го бараат, за да можат да учествуваат.

Сите се сеќаваме на „Го сакам КАМ во поштенско сандаче“ и иако обидите за измама се повторуваат на секои неколку месеци, голем дел луѓе и понатаму „паѓаат“ на вакви измами и ги споделуваат своите лични податоци со непознати лица.

Овојпат можевме да пронајдеме злоупотреба на Шпаркасе и на ДМ дрогерии, но и на првата дама, Елизабета Ѓоргиевска. Страниците кои се креирани пред само неколку часа веќе имаат илјадници фанови, а објавите се споделувани и коментирани до загрижувачки степен.

Иако брендовите се оградуваат од ваквата злоупотреба, сепак поигрувањето со наивноста на луѓето и понатаму продолжува.

Препознавањето на измамниците е тешко, бидејќи тие бесрамно ги користат логото и името на заштитените трговски марки, со што се создава лажно чувство на доверба кај граѓаните кои не знаат самите да проценат дали се работи за реална објава или за страница со сомнителни намери.

Најлесно се препознава по унифицираниот начин на пишување на објавите и евидентните правописни и печатни грешки, но и покрај тоа, голем број луѓе, едноставно, ги превидуваат грешките и одлучуваат да ги споделат своите податоци.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претрес во Стојаково, во пластеникот кај пиперките имал посадено Марихуана.

Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, кривична пријава и притвор за едно лице СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.К.(65)...

Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари

Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни...

Меријен Илич која има македонско потекло е трета најбогата жена во светот со 6.9 милијарди долари.

Меријен Илич, сопруга на Мајк Илич, еден од најбогатите Македонци во светот е прогласена за трета најбогата жена. Богатството на Меријен, според „Boardroom“ е...

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...