15.9 C
Ohrid
сабота, октомври 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСеќавање на Тоше Проески: Мамо, дали еден ден, кога ние ќе имаме...

Сеќавање на Тоше Проески: Мамо, дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики

Од мал беше капетан на трите брода на  базиликата од   храмот „Свети Никола“. Кога пееше на неделната или празничната миса, оживуваа сите ликови од волшебните иконостаси на Гарката и на Станишев. Иконите на зографот Михаил го поздравуваа со долг аплауз. Исчезнуваа лузните на црквата   од   илинденскиот палеж  во 1903 година.  Никола и Домника не забележаа ниту еден фалш кај својот син.Во семејството на Тоше, сите се толку музикални, што е многу тешко да се одреди од каде е наследен музичкиот ген. Дали од дедото Тодор, кој царувал со сцената и бил одличен актер, дали од родителите и чичковците, чии средби секогаш изобилувале со трубадурски изблици, придружувани со гитари. Музиката била најчест гостин во нивниот дом. Како нешто без кое не се може. Како мевлем против сите рани што ги отвора животот, како оружје против судбината, како извор во кој се капе душата. Кај Тоше гените беа посилни, како да испреплетеа не две, туку четири нишки од ДНК,  во која се криеше  кодот  –  пејач,  ѕвезда.  Го  насетуваа  талентот.  Но,  не  и   тоа   што допрва   ќе   им   се   случува.   Одеа   по   Божјиот   пат,   славејќи   го   Господ, благодарни   и   со   тоа   малку   што   го   имаат.  Чудни   се   патиштата   Божји. Понекогаш зборовите од писанието испреплетуваат најубава свила, која ја постилаат пред нас, а ние чекориме по неа. Но, знаат да исткаат и стрели, кои ќе нé погодат, една по друга. Не прашувајќи дали можеме да се носиме со нив. А Господ ти дава толку тежина колку што можеш да  издржиш.Првата стрела – беспарицата, Проески ја издржаа. Втората стрела – беше дијагнозата „стразбизам“’ на малиот Тоше. Трета година од неговото раѓање.   Забележаа   дека   зеницата   од   окото   почна   да   му   игра неконтролирано. Мора да се лекува во Прилеп. Мора да се издржи, таква е Божјата волја.„Носеше очила и беше многу дисциплиниран. Три години секој ден го носевме во Прилеп на вежби за  видот. Имавме пари само за автобуска карта во два правца. Еден ден, пред да одат на вежби влегле со мајка ми во продавница. Пред нив еден човек си купувал вакуумирани кикиритки. Тоше ја прашал мајка ми „Дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики.

Соња Алексоска Неделковска ( Извадок од книгата ,,Ова не е крај“)

Објавено во Женски Магазин

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечно ќе го паметиме по песната Дебрцо ти си борбена- На 82-годишна возраст, во Охрид почина познатиот пејач и композитор Кирил Мицковски.

На 82-годишна возраст, во Охрид почина познатиот пејач и композитор Кирил Мицковски. Важеше за посветен учител, но и риболовец и ловец. Песната го одбележа неговиот...

Кривична пријава за екс директорот на ЈП „Национални Шуми“ подружница „Галичица“ Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од селото Велмеј, општина Дебрца, и З.Ж.(59) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонскиот каратист Дејан Недев освои бронзен медал во кати на светскиот карате шампионат во Аргентина

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати поединечно на ИКУ светскиот карате шампионат кој се одржува во Буенос Аирес, Аргентина. Недев во...

Денес се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка,...