16.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаОд Охрид отишле за Албанија : Руските туристи кои ги пронајдоа мртви...

Од Охрид отишле за Албанија : Руските туристи кои ги пронајдоа мртви во Албанија биле и во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Истрагата околу смртта на четворицата руски туристи кои вчера беа пронајдени мртви во сауна во хотелот „Глорија“ во туристичката зона Ќерет кај Каваја, се проширува и во Македонија.

<

Според агенцијата „Балкан веб“, тоа се случува од причина што туристите во текот на вчерашниот ден престојувале во Охрид.

„Откривањето нови детали ја прошири истрагата. Во текот на вчерашниот ден тие патувале за Македонија, а по ручекот во Охрид, се вратиле во хотелот „Глорија“ каде што престојувале. Претходно, полицијата соопшти дека се сомневаат дека туристите починале од гушење, но не е исклучено тие да биле под дејство на алкохол. Исто така, дел од истрагата е и патувањето на туристите во Македонија, за евентуално труење со храна или консумирање психотропни супстанции“, наведува агенцијата.

Во своето сведочење пред истражниот тим, една од вработените во хотелот им кажала на обвинителите дека било околу 22:30 часот кога отишла во просторијата за сауна, каде што биле двете брачни двојки, и неколкупати тропала на врaтата за да ги извести дека пијалоците и овошјето што ги нарачале ги однела во нивните соби, но откако не реагирале, влегла внатре каде што ја видела и шокантната слика, пренесува „Сител“.

Брачниот пар Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), нивната ќерка Екатерина Буренкова (31) и нејзиниот сопруг Никита Белоусов (37) допатувале во Албанија на одмор минатата недела, преку туристичка агенција, кое за жал било и нивното последно патување. Заедно со нив допатувале и други четворица руски туристи.

Во експертизата, по барање на Амбасадата на Руската Федерација во Тирана, ќе бидат вклучени и стручни лица од оваа земја.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...