25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСкенерите за отпечатоци да се чистат, а граѓаните посилно да притискаат, велат...

Скенерите за отпечатоци да се чистат, а граѓаните посилно да притискаат, велат од ДИК.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ДИК дала инструкции до Избирачките одбори редовно да го чистат скенерот каде што се остава отпечатокот од прст и гласачите посилно да притискаат кога го оставаат отпечатокот на скенерот.

<

Поради проблемите со уредите за биометриска идентификација, на дел од гласачките места во земјава имаше прекин на гласањето, информираа од Државната изборна комисија.

Оттаму велат дека проблемите се поврзани со управувањето со уредите и непрепознавање на отпечатоците на гласачите, а во дел од избирачките места имало и технички проблеми со самите уредите, кои биле заменети со нови. Онаму каде што не можело да се заменат уредите, се гласа на стариот начин.

„Проблемите се надминуваат во тек, со комуникација со техничките лица кои се на терен. Во однос на лошиот квалитет на базата на отпечатоци, како последица, на избирачките места најчест проблем е непрепознавање на отпечатоците на граѓаните. Законски е предвидено дека во таков случај постапката продолжува со скенирање на личните документи во самиот скенер кој е во склоп на уредите за отпечатоци или со внесување на единствениот матичен број на гласачот“,рече портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Гугучевска рече дека ДИК дала инструкции на Избирачките одбори редовно да го чистат скенерот каде што се остава отпечатокот од прст, а гласачите да притиснат повеќе кога го оставаат отпечатокот на скенерот.

За да се забрза процесот, доколку два пати не може да се идентификува гласачот преку системот за биометриска идентификација, процесот продолжува со скенирање на личниот документ или со внес на матичниот број да се пребарува гласачот, велат од ДИК.

На местата каде што избирачкиот процес бил прекинат, гласањето ќе биде продолжено онолку време колку што процесот бил во прекин, но не повеќе од 3 часа.

„Имаме прекини на гласањето на повеќе гласачки места. Ако прекинот траел пократко од 1 час, гласањето ќе заврши во 19 часот, ако прекинот траел од 1 до 3 часа, ќе се продолжи за онолку време колку што траел прекинот. Засега немаме информација дека некаде имало прекин повеќе од три часа“, рече Гугучевска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...