18.9 C
Ohrid
вторник, јули 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМалечкиот Михаил: Пред да ручам и се јавувам на мама, да ми...

Малечкиот Михаил: Пред да ручам и се јавувам на мама, да ми каже колку инсулин да ставам.

Михаил е деветгодишно момче кое живее со дијабетес тип 1 и ни раскажа како изгледа еден негов училиштен ден.

Пред да ручам ѝ се јавувам на мајка ми и ѝ кажувам што има во мензата за ручек и колку лепче ќе изедам“ – вели четвртоодделенецот Михаил, „таа проверува колку ми е гликемијата и ми кажува колку инсулин да ставам. Потоа ручам, а понекогаш го јадам и десертот, за што треба да ставам дополнително инсулин. Сега сам си ставам инсулин зошто носам инсулинска пумпа и ми е многу полесно.“

Михаил
Вака изгледа ручек на училиште на ученик со дијабетес тип 1. Не е едноставно да се внимава на сè велат родителите, но брзиот напредок на медицината и иновативните решенија кои новите технологии ги нудат овозможуваат многу полесно следење на гликемијата во крвта, особено кај децата кои голем дел од денот го поминуваат на училиште.

Деветгодишниот Михаил и неговото семејство веќе ја користат дигитализацијата за мерење и следење на шеќерот во крвта со модерниот мерач – глукометар и со сензорот кој се носи на раката, обете за далечинско следење на гликемијата.

„Во училиште не појадувам бидејќи даваат кифла и еурокрем, а тоа не смеам а и не сакам да го јадам. Појадувам дома, а во училиште со сите другарчиња заедно ручаме манџа, грав, ориз, леќа, ќофте, пире и сл. Понекогаш шеќерот на училиште ми е низок, па мајка ми или татко ми ми се јавуваат да се напијам сокче. Не се чувствувам добро кога шеќерот ми е низок, ми се спие и немам сила.“

Михаил
Овие деца побрзо созреваат и ја прифаќаат одговорноста за редовно следење на својата состојба. Михаил живее со дијабетес 1 од својата прва година и знае да си мери сам гликемија од крв, вели „многу лесно, научив уште како мал“. Денес на телефонот или на читачот гледа колку му е гликемијата и наутро кога ќе стане тој или мајка му задолжително мерат од крв од прст, за да се внесе точна вредност во телефонот. Без измерена гликемја од крв сензорот нема да работи точно. Истата постапка ја повторуваат и навечер пред спиење, како и во ситуации кога шеќерот на Михаил му е низок.

Кога станува збор за физичка активност на училиште, Михаил вели дека на часот по физичко вежба исто како и другарите, а понекогаш и повеќе. Секогаш со себе си носи сокче, бидејќи од многу вежбање гликемијата може да падне.

„Сакам карате“ – раскажува воодушевено – „одам на карате 3 пати во неделата и се подготвувам да полагам за црвен појас.“

Михаил
Физичката активност не е нешто што треба да се избегнува, родителите велат дека и покрај дијабетесот, со добро менаџирање не мора да се ускрати ништо од вообичаените актвиности што ги сакаат децата на негова возраст. Михаил неретко оди и на одбојка, бидејќи сестра му е тренер и го зема со неа на тренинзи, а понекогаш оди и на пливање и на јавање.

Михаил е момче кое е целосно свесно за својата состојба и кое дисциплинирано прави сè за да живее сосема нормален живот заедно со своите другарчиња за кои вели: „Сите мои другари знаат дека имам дијабетес. И наставниците исто знаат. Јас не се разликувам од ниедно друго дете, а имам и еден куп другари и другарки што како мене имаат дијабетес тип 1. Треба само да бидам поодговорен, да се хранам здраво, да спортувам, да мерам редовно гликемија и да си ставам инсулин“.
Извор:Фемина

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Левица: Тежок криминал во „Кромберг и Шуберт”- Врз грбот на работниците

​​​​Неколку дена во фабриката „Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми. Криминалниот ланец помеѓу управата во најпрофитабилниот...

На 26-07 во петок, свечено отварања на eтно Ресторанот и вила Бате Боле во село Лешани !!

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани во петок на 26 јули во 19:00 часот  се отвора етно ресторан Бате Боле. Побегнете...

Чавков, Јане Ченто и други осудени за 27-ми април излегуваат од затвор на 30 дена

Осуденици за случајот 27 април се повикале на Членот 225 од Законот за извршување на санкциите, чиишто измени беа изгласани кон крајот на месец...

Директор д-р Асен Шајн ја предаде должоста на новиот В.Д. Директор д-р Горан Маркоски, со желби за понатамошен успех и континуитет во работата.

Примопредавање на функцијата директор на ЈЗУ Општа болница Охрид Денеска во просториите на административната зграда при ЈЗУ Општа болница Охрид, во пријатна работна...