20.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаЗабаваСтрумичанецот Васил си замина во Америка: Никогаш нема да заборавам од каде...

Струмичанецот Васил си замина во Америка: Никогаш нема да заборавам од каде доаѓам!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Музичарот Васил Гарванлиев (36), кој беше наш претставник на Евровизија 2021, а исто така беше избран да не претставува на настанот и во 2020, но истиот не се одржа поради пандемијата со корона вирус, веќе еден месец е во Чикаго, САД.

<

Талентираниот баритон, кого јавноста го запозна како дете кое остави хит композиција зад себе на детскиот фестивал ,,Златно славејче”, за да потоа со родителите се пресели во Чикаго, во земјава се врати пред три години. Со богат оперски багаж и настапи ширум светот со популарни и звучни музички имиња, тој се посвети на градењето на кариера во Македонија, каде и покрај искрената намера да ја освои публиката со музика и пораки за љубов, беше дочекан, но и испратен на Евровизија со низа на предрасуди и напади.
Сега, кога повторно е во Америка, за ,,Фокус” раскажува дека има турбулентен период, исполнет со убави настани, снимања, гостувања, дружби со тамошната публика, на кои за разлика од кај нас, во неговата родна земја, е дочекан со овации.

-Минатата сабота имавме 65-годишнина од хорот, прекрасна Гала вечера на која ја запеав ,,Here I stand” заедно со хорот од стотина деца. Магично чувство! Имам настапи, снимања, се крчкаат нови проекти, паралелно и со агенти од Лондон- раскажува струмичанецот.

За 2021 година, вели дека е година која му ги отворила очите на повеќе од еден начин.

-Васил врати се на корените за да можеш да ги рашириш крилјата и да полеташ во посакуваните височини – тоа беа зборови на еден мој ментор пред 20 години кога заминавме од САД .
Во тоа време Greg Jaspere, проминентен џез музичар, направи аранжман за детски хор на песната ,,Татковина” и ми го посвети токму мене, бидејќи тоа беше мојата омилена македонска песна. ,,Татковина” и ден денес се пее низ светот, минатата година снимав ковид видео во изведба на околу 200 деца низ целиот свет, кои на прекрасен македонски јазик ја отпеаа ,,Татковина”.

Што ме научи 2021 во Македонија?

Дека живееме со стиснати души до кои не може да допре љубов, дека не можеме да ја видиме вистината од претешкиот плашт на лагите, дека поддршката ја заменуваме со сопка – вели струмичанецот.
Раскажува дека и покрај линчот кој му се случи во родната земја, како и сите предрасуди со кои беше соочен, сепак продолжува да пее за својата земја, и никогаш не заборава од каде доаѓа.

-Јас се вратив во Македонија со чиста визија и чек листа на желби… И сите ги реализирав за две години. Пази што посакуваш, ќе ти се оствари…
Но, проблемот во Македонија е во тоа што ние не знаеме што сакаме и погрешно ја насочуваме нашата енергија, наместо кон наш успех – кон туѓ неуспех!

Нема никогаш да престанам да пеам за Македонија.Тоа го правам во последните 30 години, така и ќе продолжам – вели Васил, кој летово имаше низа на настапи на Скопско лето, на Парадата на гордоста во Скопје и Софија, Nisville Jazz festival, Eurovision Song writing camp…

За јавниот линч кој му се случуваше пред да замине на Евровизија, кога од одредени групи на луѓе беше напаѓан поради признанието дека има бугарски пасош (кој го добил како дете за да замине со семејството во странство во потрага по егзистенција), обвиненијата дека е бугарски, а не македонски претставник, но и поради неговата сексуална определба за која отворено прозборе, вели дека тоа се околности, во кои најважна е реакцијата на жртвата.За повеќе детали,Тука Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...