13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонија12 годишниот Петар Богатиновски, e првиот Македонец кој ќе вози на Светското...

12 годишниот Петар Богатиновски, e првиот Македонец кој ќе вози на Светското првенство во картинг

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Петар Богатиновски (12) е првиот Македонец кој некогаш се квалификувал за светско првенство во картинг, откако победи во Централна Европска Зона. Со освојување на титулата во ЦЕЗ, тој обезбеди учество на светското големо финале во Бахреин, кое ќе се одржи од 11 – 18 Декември оваа година.

<

Веста за неговиот успех ја сподели и претседателот на држвата, Стево Пендаровски, на својот официјален Фејсбук профил.

„Петар Богатиновски со победата во Централна Европска Зона – CEZ, е првиот Македонец којшто се квалификуваше за светското првенство во Бахреин во декември годинава. Поддршка за Петар!“, стои во неговата објава.

 

На финалето ќе учествуваат сите светски шампиони, вклучувајќи го и Петар, каде ќе имаат можност да добијат картингзи и мотори по пат на лотарија од страна на организаторите.

Богатиновски покрај освоената титула во ЦЕЗ (Централна Европска Зона),тој воедно учествуваше и во ССК (Спорт Стил Куп), каде исто така ја освои титулата.

Богатиновски во 2018 година ја освои вицешампионската титула во Централно Европската зона, а покрај тоа овие награди, има освоено пет трофеи. Од кои три во српскиот и два во македонскиот шампионат.

фото: официјалниот Фејсбук профил на претседателот Стево Пендаровски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...