ПочетнаМакедонијаИ Виктор Орбан, премиерот на Унгарија го слави 23 октомври.

И Виктор Орбан, премиерот на Унгарија го слави 23 октомври.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија денес одржа говор на плоштадот Ержебет по повод одбележувањето два важни настани од унгарската историја – годишнината на револуцијата против комунистичката диктатура од 1956 година и бруталната полициска пресметка со демонстрантите на партијата „Фидеш“ во 2006 година за време на владата на Ференц Ѓурчани, дел од широката обединета опозиција и олицетворение на бруталниот режим кој владееше во земјата,Зборувајќи за настаните од 2006 година, премиерот Виктор Орбан потсети дека пред 15 години на едната страна биле гранати со солзавец, а измамена и понижена нација од другата, алудирајќи на судирите меѓу поддржувачите на Фидес и полицијата во 2006 година за време на одбележувањето на револуцијата во 1956 година на самото место во Будимпешта каде што тој го одржа својот говор.

<

„Во тој момент, името Унгарец стана достојно за својата голема стара слава“, рече Орбан
Орбано истакна биле потребни години за да се расчисти хаосот што го остави левичарската влада, но Унгарија денес повторно е крената на нозе.

„Има моменти во животот на нациите кога сите одеднаш чувствуваат дека е доста; работите не можат да се одвиваат онака како што се одвиваа. Мораме да одлучиме, и таа одлука ќе покаже кои сме навистина. На цел народ ќе и се покаже колку вреди тој народ. Без разлика дали една нација ќе молчи или ќе излезе да протестира, дали ќе се помири со ситуацијата или ќе се крене против неа, дали ќе погледне на едната страна или ќе стои исправено, или дали ќе се повлече или ќе ја преземе борбата. Ние Унгарците донесовме вистинска одлука: протестиравме; ние застанавме исправено и се кренавме и се боревме. Тоа значеше заземање став за слобода против заробеништво, независност против окупација и унгарски патриоти кои стојат против комунистите“, рече Орбан.

И Македонија денес одбележува значаен историски ден, 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба, првиот ден од патот на Македонците кон автономија на Македонија и конечна слобода.

И Македонија денес одбележува значаен историски ден, 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба, првиот ден од патот на Македонците кон автономија на Македонија и конечна слобода.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската егзархиска машка гимнзија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите на ТМОРО вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формира структурата на организацијата, се започнува со процесот на создавање на вооружени чети и почнуваат набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.
Infomaks

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...

Пејачката Наташа Малинкова е кандидат за советничка во Општина Кавадарци

Поп-рок пејачката Наташа Малинкова (42) е кандидат за советничка на Совет на Општина Кавадарци на претстојните локални избори. Нејзиното име се најде на листата...

Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци...

Дамките од крв сведочат за велешката трагедија: Да не добиел условна казна ова денес немаше да се случи !!!

Дамките од крв пред семејната куќа на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот 74-годишен татко Киро Коцев во Велес сведочат за хоророт што се случи...