26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаНаместо куќен притвор побарал да оди во затвор oти не можел да...

Наместо куќен притвор побарал да оди во затвор oти не можел да ја поднесе сопругата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Маж осуден на домашен притвор се пријавил во полициска станица и побарал да биде ставен во затвор бидејќи неговиот живот со сопругата и нејзиното семејство бил невозможен, објави италијанската полиција.

<

Станува збор за 30-годишен Албанец кој живее во градот Гидонија Монтечело во близина на Рим.

„Во очај решил да побегне, самиот се пријави и побара да ја отслужи казната зад решетки“, информираат од полицијата.

Човекот е осуден на домашен притвор, каде се наоѓа веќе неколку месеци, поради злосторства поврзани со дрога. Таквата казна требало да ја одлежува неколку години, што му изгледало безнадежно, изјави Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.

Рекол дека животот му станал пекол и дека веќе не може да издржи, па сака да оди во затвор.

Кога се пријавил во полицијата, човекот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, па правосудните органи наредиле да биде ставен во зад решетки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...