16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаНасилниот наставник кој малтретираше момче, можно е да заврши во затвор три...

Насилниот наставник кој малтретираше момче, можно е да заврши во затвор три години.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Формирана е дисциплинска комисија во О.О. У. „Панајот Гиновски“ во населба Бутел, која ќе одлучува како да се постапува во случајот каде наставник удира ученик, информираат од училиштето за Радио МОФ.

<

За инцидентот се дозна преку видео што го снимал соученик и било споделено на социјалната мрежа Тик Ток. На него се гледа како наставникот прво го удира ученикот, па го крева во воздухот.

Случајот е пријавен во МВР. Оттаму велат дека работат на расчистување на случајот.

„Извршен е разговор со лица поврзани со случајот и по насока на Јавен обвинител ќе биде доставен соодветен поднесок до надлежното обвинителство“, информираат од МВР.

Правниците, како што пишува пак, Плусинфо сметаат дека не е искучено наставникот кривично да одговара, односно да му се стави на терет на насилникот кој направи повреда на правото на детето според чл.130 и чл. 143 од КЗ.
За ова кривично дело во Кривчниот законик законодавецот во ченот 130 предвидел заторска казна од шест месеци до три години, а пак за кривичното дело, малтретирање во вршење на службата (член 143) е предвидена казна и до пет години.

„Тој што во вршењето на службата малтретира друг, го застрашува, го навредува или воопшто спрема него постапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години“, се вели во Кривичниот законик.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...