18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаВработени во општина Охрид повикани во полиција, под сомнеж дека делат пари...

Вработени во општина Охрид повикани во полиција, под сомнеж дека делат пари во замена за гласови !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата во Охрид сослушала неколку десетици лица кои се под сомнеж дека делеле пари во замена за гласови за една опозициска партија – брифираат за „Охрид 1“ извори од СВР Охрид, а информацијата ја потврдуваат и од партијата.

<

Дел од лицата кои вчера и денес биле повикани на разговори во полиција биле вработени во администрацијата на Општина Охрид, а некои се вработени во државни институции, па дури и инспекциски служби.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски до овој момент преку официјално соопштение не ја има информирано јавноста за оваа активност и лицата кои се испитани за делење поткуп во избори.

Делењето поткуп во избори и другите кршења на Законот во Македонија се третират како тешки кривични дела со запретена казна затвор до 10 години..
ИЗБОРИТЕ ДО СЕГА ПОМИНАА СКАНДИНАВСКИ

Инаку барем во медиумите изборите во Охрид до сега поминуваат не запамтено мирно и демократски. Кандидатите за градоначалник во јавно кажаниот збор одржуваат до сега не забележано високо ниво на политичка култура. Прв пат после 30 години нема навреди, омаловажувања и клевети, медиумите не добиваат по 20 соопштенија , реакции и контра реакции на ден, а нема ни црни кампањи со инволвирање на личните и приватните животи на кандидатите, или луѓето од штабовите или нивните семејства ( нешто што сме го гледале во поголеми количини на минати локални избори кога се нарачуваа медиумски линчови и шиканирања на цели фамилии ).
Ohrid1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...