20.9 C
Ohrid
среда, мај 29, 2024
ПочетнаМакедонијаГлавниот противник на Орбан: Ако победам на изборите, ќе го екстрадирам...

Главниот противник на Орбан: Ако победам на изборите, ќе го екстрадирам Груевски

Кандидатот наопозицијата во Унгарија за нов премиер на земјата, Петер Марки Зај при својот говор на 23октомври сподели дека доколку Виктор Орбан ја изгуби власта следната година, екс-премиерот на земјава Никола Груевски ќе се соочи со екстрадиција.

„Оградата ќе остане и ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од „Фидес“. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од Фидес“, сподели Зај на својот Твитер профил.

МакедонијаСлајдер
Главниот противник на Орбан на изборите: Ако победам, ќе го екстрадирам Груевски
27/10/2021 21:28
Кандидатот наопозицијата во Унгарија за нов премиер на земјата, Петер Марки Зај при својот говор на 23октомври сподели дека доколку Виктор Орбан ја изгуби власта следната година, екс-премиерот на земјава Никола Груевски ќе се соочи со екстрадиција.

„Оградата ќе остане и ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од „Фидес“. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од Фидес“, сподели Зај на својот Твитер профил.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес владеат со земјата дванаесет години, а на сите претходни избори покажаа дека опозициските партии не се посериозна закана – се додека се поделени. Шесте најважни опозициски партии сфатија дека можат да успеат само со заеднички кандидат – и пред изборите во Унгарија следната година, го избраа Петер Марки-Зај.

Тој е всушност кандидат за кој се сметаше дека нема никакви шанси, но и затоа што зад него нема поголема партија. Тој е основач на „Унгарското движење за сите“ (Mindenki Magyarországa Mozgalom, МММ) со кое се кандидираше за градоначалник на неговиот град Ходмезовасархели – Вашрељ на југот на Унгарија.

Но, токму овие локални избори и покажаа на унгарската опозиција што да прави: Вашрељ дотогаш беше упориште на Орбановиот Фидес, но Марки-Зај победи без проблеми бидејќи сите опозициски партии ја поддржаа неговата кандидатура.

Питер Марки-Зај (49) нема посебно искуство во „големата“ политика, но несомнено е талентиран говорник и успешен агитатор. Како католик и татко на седум деца, тој има карактеристична биографија: студирал маркетинг, но и електротехника, економија и историја. Од 2004 до 2009 година со семејството живеел во Канада и САД, каде продавал мобилни телефони, како и резервни делови за автомобили. По враќањето во Унгарија, работел во неколку компании во електротехничкиот сектор, а предава и маркетинг на Универзитетот во Сегед.

Тој признава дека на почетокот и самиот бил следбеник на Фидес на Орбан, но поради корупцијата и непотизмот што владее таму, неговата вера веќе го навела да им сврти грб.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Aхмети огорчен што ќе биде опозиција – Oд фиока го вади Охридскиот договор и бара поддршка за негово почитување?!

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ најавува битка за почитување на духот на Охридскиот договор и ги повика граѓаните на масовна поддршка. Сепак, Али Ахмети...

Загина пешак во Прилеп, малолетник удрил со мотоцикл во него

На 28.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во...

Дамјан Марковски од Скопје тргна пеш на поклонение до Манастирот Острог

Во чест на Св. Василие Острошки, Дамјан Марковски го започна својот предизвик и тргна пеш од Скопје до Острог. Оваа иницијатива ја објави фондацијата „Марко...

Вработените жени во Македонија да имаат два дена менструално отстуство е еден од предлозите за законски измени на Здружението Новинари за човекови права

Вработените жени во Македонија да имаат два дена менструално отстуство е еден од предлозите за законски измени на Здружението Новинари за човекови права, кое...