15.9 C
Ohrid
понеделник, април 15, 2024
ПочетнаМакедонијаЃурѓај ги повика Македонците од Албанија да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓурѓај ги повика Македонците од Албанија да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана Никола Ѓурѓај, пред неделниот втор круг од Локалните избори во Македонија, ги повика Македонците од Албанија да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Почитувани, браќа и сестри, Македонци од Република Албанија со право на глас во татковината Македонија, на 31-ви октомври ве повикувам масовно да излезете и да ги поддржите кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Барам од Вас масовно да ја дадеме поддршката на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за една нова и поубава иднина за татковината Македонија. Со почит, Никола Ѓурѓај, стои во повикот.

Тој потсетува дека во знак на поддршка деновиве остварил средба со доктор Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид, на која го информирал за положбата на Македонците во Република Албанија и проблемите со кои се соочуваат, како и за активностите на друштвото.

-Пецаков, како иден градоначалник на Охрид, искажа подготвеност за продлабочување на соработката, зголемување на помошта и поддршка за друштвото, за весникот „Илнден“ и за Македонците во Албанија, во рамки на можностите, се наведува во објавата.

Според него, тој исто така ветил дека посебно внимание и грижа ќе посвети за македонските ученици и студенти од Албанија, а кои средно и високо образование следат во училишта и високо образовни установи во Охрид.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...

Загина познат фотограф од Гостивар, албанските партии ги откажаа митинзите

Четириесет и тригодишниот Едмонд Амзаи, познат фотограф од Гостивар и сопственик на фото-студиото „Акон“, денеска загинал во тешка сообраќајна несреќа во Велес, пренесоа медиумите...

Јелена Спенџарска: Имав хејтери оти сум од Берово, ама сепак успеав во животот.

Водителката Јелена Спенџарска е вечерашна гостинка во 11-та епизода на Бомбакис поткастот. Таа раскажува за почетоците на својата кариера, предизвиците со кои се соочувала...

Уапсен па пуштен на слобода бегалецот Грујевски

Екс началникот на Петтата управа во УБК и бегалец, Горан Грујевски вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти но...