13.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЕко - активистите до Арсовска и Шилегов : Покажете гаранција за Водно

Еко – активистите до Арсовска и Шилегов : Покажете гаранција за Водно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Два дена пред молкот за изборот на нов градоначалник за Скопје, еко-активистите од ГоСакамВодно ги повикуваат кандидатите Данела Арсовска и Петре Шилегов не само да се обврзат, туку и да направат чекор повеќе кон Водно како гаранција дека се искрени нивните намери за вистински и целосно заштитено Водно.

<

„Водно е секој ден се поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Ако навистина се искрени во ветувањата за Водно, кандидатите за градоначалник на Скопје треба да покажат дека се спремни и да ги исполнат. Нели?“, соопштува „Го сакам Водно“.

Според еко-активистите, заложбите и апелите за носење на севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарстовто, хидролгоијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија, не успеаја да ја спречат Одлуката, за која велат дека отвора врата за негово брзо урбанизирање и уништување.

„Сепак, заедно успеавме да се избориме за мала искра за спас, префрлајќи ја тежината во Градот, но неопходна е итна и брза реакција на оној кој ќе освои трката за градоначалник: Потребата од правилно зонирање на Водно е евидентна, а Градот е единствената инстанца, која тоа може да го иницира и спроведе. Затоа и ве прозиваме, Данела и Шилегов, бидејќи само ваша искрена заложба може да биде над оваа Одлука. Ако го сакате Градот, ќе имате можност да направите чекор за Водно да биде спасено, а со тоа и градот заштитен. Инаку, Водно ќе го изгубиме“, се вели во соопштението.

Во однос на тоа што треба да направи Градот, „Го сакам Водно“ како прво потенцира дека треба итно да започне изработка на Просторен План на Водно како простор од посебен интерес. Тоа, велат тие, ќе овозможи правилно зонирање на Водно, наспроти она предвидено во Одлуката.

„Второ. Toj да се додели на изработка во Агенцијата за планирање на простор, каде што експертизата преку строго дефинирани методологии ќе ги преклопи сите значења и вредности на Водно и ќе наметне режим на заштита за секоја предвидена Зона“, потенцираат од еко-организацијата.

Како трето, од Градот бараат паралелено да се иницира постапка за носење Специјален закон за Водно во Собрание. Овој Lex Specialis, велат тие, ќе претставува гарант за правилното зонирање на целата територија на Водно, соодветниот режим на заштита и ќе ги замрзне сите можни активности и носења на други планови, вклучувајќи ги и Планот за управување и урбанистичките планови или проекти, сé дури не се донесе Просторен План за Водно, како план од највисок ред.

Целиот текст тука.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР.

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 24.04.2025 во 22.40 часот во...

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид – брзата интервенција спречи поголема несреќа

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид - брзата интервенција спречи поголема несреќа Денеска околу 14:00 часот, на улицата Македонски Просветители во Охрид избувна...

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон...

Ученици од бугарско село собраа 5.300 лева за настраданите во Кочани

Сума од 5.300 лева (околу 2.650 евра) собраа учениците од бугарското село Ивањане со велигденски хуманитарен базар за настраданите во трагедијата во Кочани, продавајќи...