16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаКандидатот на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа кандидатот на СДСМ во Шутка

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа кандидатот на СДСМ во Шутка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Геге Демировски од Народната партија на Ромите, кој во првиот круг на локалните избори беше кандидат за градоначалник на Шуто Оризари поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, сега дава поддршка на кандидатот на СДСМ, Ферат Асан.

<

Тој вчера се пушти во живо на Фејсбук, седнат до Асан и во еден дел од видеото вели:-Ве очекувам сите, знаете дека Ферат Асан ќе добие. Апелирам, должи сме да ја сочуваме нашата општина и идниот градоначалник Ферат Асан. Вие гласајте кај што сакате, но еве ги давам гаранција, градоначалник 1.000 посто ќе биде Ферат Асан. Таков е системот во државата.
А, тие што ги направив градоначалници, сега ќе им го спремам куферот, да си одат во Германија.На ова реагираат од таборот на Курто Дудуш, кој во вториот круг како кандидат на ДОМ/ЛДП ќе се бори против Ферат Асан. Според носителката на советничката листа, Фатима Османовска, ова обраќање на Демировски наведува и индицира на изборни нерегуларности.

-Најстрого ја осудуваме изјавата на претседателот на партијата Народна Партија на Ромите, Геге Демировски, која наведува и индицира на изборни нерегуларности, бидејќи “системот” го става како пресуден за избор на градоначалник а не вољата на граѓаните. Ваквиот вид на изјави само ја отсликува несигурноста на кандидатот за градоначалник на СДСМ Асан Ферат, кој на видеото седи до Геге Демировски и очигледно ја подржува неговата изјава.
Граѓаните мора да знаат дека нивната воља на денот на изборите одлучува за тоа кој ќе ја води општина Шуто Оризари по патот да биде прогресивна и еднаква со другите скопски општини, вели Османовска во изјава за Фокус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...