28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаАли Ахмети: Заев да не дава оставка, не е градоначалник на Струмица

Али Ахмети: Заев да не дава оставка, не е градоначалник на Струмица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека премиерот Зоран Заев не е во право кога најавува оставка на чело на Владата доколку Петре Шилегов в недела загуби од Данела Арсовска на изборите за градоначалник на Град Скопје.

<

„Мислам дека Заев избрза. Ова се локални избори. Заев не се кандидирал за градоначалник. Заев има 4 годишен мандат како Премиер. Не знам која е неговата стратегија, но не треба да се разочарува. Тој треба да работи со неговиот тим и да победат во Скопје“, рече Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Според коалициониот партнер на Заев, претседателот на СДСМ не треба да се разочарува и дека претстојат други предизвици што треба да се сработат.

„Зоран Заев има договор со коалициските партнери. Јас имам договор со него. Нема никаква смисла и логика Заев да даде оставка ако се изгуби Скопје. Не дека ќе го изгуби, но не е добро така да изјавува. Тој е премиер, не е градоначалник на Струмица. Никако не смее да даде оставка. Државата има многу сериозни предизвици. Заев има мандат и не може да се повлече. Имаме владина програма. Имаме сериозни проекти кои сме ги ветиле. Затоа, не верувам дека ќе даде оставка“, порача Ахмети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...