30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаДевојката која се снимаше како ги вознемирува животноте во Скопската Зоолошка, јавно...

Девојката која се снимаше како ги вознемирува животноте во Скопската Зоолошка, јавно се извини.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Девојката која се снимаше додека се прекачува преку оградите во Зоолошката градина во Скопје на височина во живеалиштата на кафеавите мечки и останатите животни и испушташе звуци за да им привлече внимание, признава дека ги прекршила правилата, но вели дека во ниту еден момент намерата не и била да се иживува со животните, туку сакала да направи интересно видео.

<

-Јас сум Мила и сакам да се извинам за видеото кое беше погрешно сфатено од страна на народот. Мојата цел во ниту еден момент не беше да ги повредам или вознемирам животните, а горе кај мечките се качив за да направам интересно видео. Во моментот кога се качив горе кај мечките, видов кришка леб и им ја фрлив. Вистина е дека ги прекршив правилата на Зоолошката градина, но не вистина дека ги вознемирив животните. Ова е еден лош пример како не треба да се однесувате во Зоолошката градина“, вели во видеото Мила Анастасовска, студентката по криминологија на Факултет за безбедност.
Тина Мицковска портпарол во скопската Зоолошка вели дека можеби не разбрала до крај дека се што направи е погрешно како што се гледа во видеото.

-Мила сними видео и се извини. Можеби не разбрала до крај дека се што направи е погрешно како што се гледа во видеото, но тука сме да едуцираме и во иднина вакви работи да не се повторат никогаш. Ние ништо не сфативме погрешно како што кажува во ова видео- напротив сите погрешни работи се гледаат на претходната снимка која не вознемири сите.Секој кој сака преку снимање на видеа за социјални мрежи да биде во центарот на вниманието- нека прави убави работи, нека прави забавни видеа, нека покаже хуманост и емпатија. Има многу млади деца кои тоа го прават и се гордееме со нив.Се надевам Мила извлече поука од сето ова и дека ќе го поправи своето однесување. За почеток помогни и нахрани некое бездомно куче или маче.п.с Да дополнам-пријава ќе има!, пишува Мицковска на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...