22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски гради пат за владина коалиција со Левица, Алијанса и Алтернатива

Мицкоски гради пат за владина коалиција со Левица, Алијанса и Алтернатива

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва прогласи победа на локалните избори и ја искористи приликата да постави основи за идна владина коалиција со Левица, Алијанса за Албанците, Алтернатива на предвремени парламентарни избори. Индиректна покана добија и ДОМ и ЛДП.

<

-Македонија е преважна за мали соништа. Стравот никогаш не ја гради иднината, но надежта да. Многумина се сомневаа дека успехот е можен, но надежта победи. Македонија мора да се менува, а промените почнуваат од вечерва. Заеднички и сложно да го оствариме сонот кој 30 години го сонуваме.
Кажете им на сите наши браќа и сестри, ова е денот од кога почнуваат промените. Промени на имиџот на државата, промени за обединување. Ова е убедлива победа, победа на народот на Македонија. Благодарност со сите граѓани од сите политички партии и етнички заедници. Една за сите е нашата Македонија. Благодарснот до партиите кои не поддржа: до Алтернатива, Алијанса за Албанците. Благодарност до Левица. Поставивме основи за идна соработка и владина коалиција врз основа на принципи. И покрај разликите може да се обединиме околу заедничка цела. Еден опозициски блок е сосема извесен. Истиот тој ќе донесе победа на следните парламентрани избори кои многу е веројатно дека ќе бидат предвремени. Благодарност и до ЛДП и ДОМ кои најдемократски ги оставија гласачите сами да одлучат, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победи во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Македонска Каменица, Македонски Брод, Охрид, Пехчево, Радовиш, Ресен, Чешиново Облешево, Ранковце, Дебрца. Во Скопје победи Данела Арсовска, независната кандидатка поддржна од ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...