25.9 C
Ohrid
недела, јули 13, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалниците од ВМРО да соберат 20.000 евра за семејствата на осудените за...

Градоначалниците од ВМРО да соберат 20.000 евра за семејствата на осудените за нападот во Собранието, бараат од дијаспората

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Светски Македонски конгрес – Канада, Боби Темелков, упати јавен повик до новоизбраните градоначалници од опозицијата, со кој ги повикува до нова година да соберат 20.000 евра.

<

Средствата биле планирани да се поделат на семејствата на осудените за нападот во Собранието, а Темелков порача дека очекува градоначалниците да му пишат во порака и да го известат дали го прифаќаат предизвикот.

Македонци од светот до нова година ќе соберат најмалку 20.000 евра за фамилиите на уставобранителите, или сам ќе ги исплатам! Ги поканувам сите новоизбрани градоначалници и општини од опозицијата, кои убедливо победија на овие локални избори, да соберат уште толку колку што ние од дијаспората ќе собереме, и ќе ги подариме на семејствата на уставобранителите. Или да најдат начин уставобранителите да се бранат од слобода! –апелира велешанецот кој околу две децении живее во Канада.

И во изминатите две години, тој организираше донациски акции за семејствата на осудените. Пред три години пак, беше дел од организацијата на коктел на кој се донираа средства за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот за промена на името, и биле собрани дури 145.000 канадски долари. Тогаш информираа дека средствата им биле потребни на организациите за логистика, јавни настапи и протести.

Исто така, Темелков беше иницијатор и еден од организаторите на протестите кои се одржаа пролетта, а на кои се бараше слобода за осудените за нападот.

Вики Клинчарова извор Фокус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Прилеп е во шок по вчерашната трагедија во една од градските населби, каде што заложничка драма заврши со тројца загинати. Според првичните информации од...

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...