13.3 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаРаботодавачите се против 18.000 денари минимална плата..

Работодавачите се против 18.000 денари минимална плата..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Периодов е неактуелен и некомпатибилен да се зборува и да се лицитира со минималната плата во услови на пандемија и при намалена продуктивност на компаниите, а одредбите од новиот закон за работни односи треба да бидат прецизни со компромис меѓу договорните страни работодавач и работник и не треба да брзаме со усогласувањето со директивите на ЕУ, констатираа од Организацијата на работодавачите на Македонија по денешната деловна средба во Прилеп со компаниите во прилепскиот регион.

<

-Организацијата направи мини анкета меѓу своите членки во која го побара нивното мислење во однос на минималната плата. Овде се зборува за минимална плата, а не за покачување на платата. Сите работодавачи сметаат дека минималната плата може да се движи во моменталните граници. Со самото тоа што би се направиле корекции во минималната плата, би предизвикале токму одлив на кадарот, оној едуциран и висококвалитетен кадар, бидејќи ќе се доведе до еден тип на „урамниловка“, кој е неактуелен, секако, и од таа причина сметаме дека минималната плата не е причина за зголемување на платата, изјави Владанка Трајкоска, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Енергетската криза ќе се одрази негативно во стопанството, а надежта е во владините мерки. Компаниите очекуваат и одредено растоварување во поглед на акцизите.

-Сите ги гледаме актуелностите со енергетската криза и дека Владата ги прави сите напори да не дојде до таа криза. Сметам дека енергетската криза секако ќе се одрази врз работењето на компаниите, доколку настане, но да се надеваме дека сите мерки ќе бидат преземени за стопанството да функционира во рамките на своите можности. Ангажирањето на работниците зависи од продуктивноста, работењето и пазарите кои им се отворени на компаниите. Доколку имаме пазари и доколку сме економски стабилни, сметам дека нема да има дополнителни отпуштања на работниците. Чувствуваме дека на товар на работодавачите се сите оптоварувања, како даночни и економски. Затоа побаравме Владата и институциите кои работат во тој дел, да застанат зад стопанството, да преземат одреден товар врз себе, а дел од тоа е и акцизата, рече Трајкоска.

Од Владата во повеќе наврати потврдија дека премиерот веќе најави дека до крајот на годината минималната плата ќе биде 18 000 денари. Додаваат дека тоа е утврдено преку дијалог и во согласност со социјалните партнери. Сојузот на синдикатите на Македонија бараат минималната плата да биде најмалку во висина од 60% од просечната плата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...