8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВелешанецoт Зоран е одговорен за металните конструкции на проект вреден 1,4 милијарди...

Велешанецoт Зоран е одговорен за металните конструкции на проект вреден 1,4 милијарди долари во Дубаи

Катар, ОАЕ и Оман ја предводат градежната експанзија на Блискиот Исток во последната деценија. Велешкиот инженер сега е главен проект-инженер за техничкиот оддел за дизајн на металните конструкции на новиот проект Ројал Атлантис во Дубаи, кој вреди 1,4 милијарда долари


Кога на човек ќе му се укаже можност да биде дел од историјата и да учествува во создавање грандиозен меѓународен проект, тоа едноставно не се пропушта. Ова е првата мисла што му поминала низ главата на велешанецот Зоран Матев, машински инженер кој сега живее и твори на Блискиот Исток, односно во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

Матев ја имал честа да работи во проектирањето и изведбата на металните конструкции на неколку грандиозни проекти во ОАЕ, Оман и Катар, како што се националните аеродроми и еден од фудбалските стадиони што ќе бидат домаќини на Светското фудбалско првенство идната година во Катар.

Зоран за Факултети.мк ја раскажа својата успешна приказна, која почнала од средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес кога на насоката машински техничар првпат пројавил интерес за конструкциите.

– На Машинскиот факултет дипломирав на насоката заварување и метални конструкции. По завршувањето на факултетот почнав да работам во „Искра“ – Куманово, од 2005 до 2007 година. Додека работев таму, добив можност за ангажман во Катар. Аплицирав, ми дадоа понуда и заминав. Ме привлече проектот, кој беше навистина грандиозен и престижен. Знаев дека таков проект во Македонија не би се случил во следните 20-30 години и кога ќе добиете таква шанса за работа, едноставно не се двоумите. Престижот и шансата да направам метални конструкции кои не би имал можност да ги видам во Македонија, можеби ниту во Европа, беа клучот за мојата одлука – раскажа Зоран Матев.

Од јуни 2008 година Матев почнал да работи во Доха како сениор инженер во областа на металните конструкции, нивната изведба и дизајн за новиот меѓународен аеродром на Катар. Работел на главни проекти на аеродромските хангари.

– Искористивме околу 35.000 тони челик и тоа е неверојатна количина за ваква градба. Таму работев на два мали хангари кои му припаѓаат на емирот на Катар. Потоа работев на хангари за одржување авиони, еден од нив има капацитет за сервисирање на „ербас 380“ – рече Матев.

Откако завршил со Доха во 2011 година, заминал во Оман за да работи на друг аеродром во периодот од 2012 до 2016 година.
– Работев на главниот терминал, но бев инволвиран и на други: контролна кула, главен систем за багаж, мостови за излез до авионите. Таму ме унапредија во проект-инженер, односно целата конструкција, изведба, делови од дизајн беа под моја надлежност. Имав можност да работам повторно во Доха за Besix од Белгија, една од најголемите фирми на Блискиот Исток, која во регионот работи од 1964 година. Таму работев како проект-инженер за еден од стадионите за претстојното Светско фудбалско првенство. Главниот дизајн на стадионот „Ал Јануб“ беше на Заха Хадид, британско-ирачка архитектка, веќе покојна, која го осмисли футуристичкиот дизајн. Капацитетот на стадионот е за 40.000 гледачи. Се работеше нецели две години, а јас бев одговорен за дизајн и изведба на металната конструкција – додаде велешкиот инженер, кој во рамките на истата компанија сега работи на новиот проект „Ројал Атлантис“ во Дубаи, кој вреди 1,4 милијарда долари.

Зоран работи како главен проект-инженер за техничкиот оддел за дизајн на металните конструкции.
Во компаниите во кои работел имало луѓе од целиот свет, биле избрани најдобрите стручњаци во градежништвото и се работеле најновите иновативни решенија. Катар, ОАЕ и Оман ја предводат градежната експанзија на Блискиот Исток во последната деценија.

– Ова се фирми што се одамна на пазарот. Заедничко е што малку се поразлични од фирмите кај нас, го ценат трудот, ако покажеш елан, може да напредуваш. Начинот на работа е ист и го следат европскиот или светскиот систем на работа. На почеток ми беше тешко, но за шест месеци успеав да се адаптирам на начинот на живот во сите градови. Дубаи е поотворен од секоја гледна точка, во Маскат во Оман се води посмирен живот, побавен. Доха сега се отвора кон светот и зема примери од Дубаи, кој сепак е едно од најдобрите места за живот – рече тој.

– За инженерскиот дел, можам да препорачам повеќе студенти да го видат овој начин на работа. И нашите факултети можеби гледаат да имплементираат сличен начин на учење, но комуникацијата помеѓу професор и студент е различна. За магистерските теми, добро е да дојдат, доволно ќе научат, ќе имаат можност да работат со престижни компании. Многу е важна практичната работа и начинот на комуникација – истакна Матев и додаде дека во едукацијата и усовршувањето мора постојано да се инвестира.

Целото интервју на велешанецот Зоран Матев, можете да го прочитате тука.

Извор на веста: fakulteti.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...