26.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаГраѓаните да бидат мирни, Ахмети ќе ја одржува политичката стабилност во државата,...

Граѓаните да бидат мирни, Ахмети ќе ја одржува политичката стабилност во државата, вели Османи..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по средбата со Генералниот совет на партијата, изјави дека по новонастанатата политичка ситуација мора да се одреди курсот на иднината на оваа држава.

<

Османи рече и дека е многу важно да се донесе одлука со која ќе се врати стабилноста во земјата, а истакна дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците.

-Сега мора да се одреди курсот на иднината на оваа земја. Сега е важно да се донесе одлука која ќе ја врати стабилноста на земјата. ДУИ е тука која во овие политички игри секогаш знае да го одржи интересот на државата. Граѓаните да бидат мирни бидејќи Али Ахмети ќе ја одржува политичката стабилност во државата. Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците, изјави Османи за медиумите.

Едногласно, додаде Османи, било потврдено од сите членови на Генералниот совет дека евроатлантскиот курс на Северна Македонија е без алтернатива.

– Генералниот совет едногласно го овласти претседателот Али Ахмети да продолжи со разговорите со сите политички партии за одржување на евроатлантскиот курс на земјата, се разбира освен оние кои се во директен судир со интересите на граѓаните со евроатлантски вредности. Значи, овие разговори ќе продолжи да ги води претседателот Ахмети, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по состанокот на Генералниот совет на ДУИ.
Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...