32.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЖената која што живееше под мост во Прилеп, вчеравечер се породи на...

Жената која што живееше под мост во Прилеп, вчеравечер се породи на истото место- Екипи на брзата помош и противожарната екипа интервенирале на терен и успеале бебето и жената да ги извадат надвор од речното корито.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Доцна синоќа жена се породи под мостот на улицата “Димо Наредникот” во Прилеп.

<

Екипи на брзата помош и противожарната екипа интервенирале на терен и успеале бебето и жената да ги извадат надвор од речното корито.

Според пишувањата на очевидци на социјалните мрежи, жената била од ромска националност и извесно време живеела токму под мостот, а и помагале жителите од околните згради.

Жената до последно работела и се борела да обезбеди храна за да се прехрани.

Очевидци на настанот велат дека бебето и жената биле однесени со возило на брзата помош и апелираат до надлежните служби ваквите настани да не се повторуваат во иднина.

“Сакам да прашам во кој свет и век живееме? Нели е бедно и жално тие што имаат вечно да имаат и да се тепаат за фотељи само за да ја надоградуваат империјата, а обичните смртници да патат за леб и вакви случни да се случуваат? Каде се институциите за ваквите ранливи категории? Уствари каде е државата? Се срамам што сум дел од ова општество и овој неправеден свет, каде богатите стануваат уште побогати, сиромашните уште посиромашни! Многу ме интересира што се случи со становите за социјално загрозени категории? Или си се поделија меѓусебно на Петко, на Трајко и остала весела дружина? Господе прости им, не знаат што прават!”, е еден од коментарите на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...