14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонија24.000 евра бакшиш од една свадба: Пандора Гостивари, една од најбараните...

24.000 евра бакшиш од една свадба: Пандора Гостивари, една од најбараните и најскапите пејачки во Македонија !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пандора Гостивари, скромна по природа, вљубена во музиката и дел од естрадата уште од свои 12 години,кога за прв пат го зела микрофонот во раце, е една од најбараните, но и моментално најплатените пејачки од земјава. Иако премногу не се експонира во јавност, на нејзината официјална страница можат да се погледнат видео снимки од нејзините настапи, на кои таа настапува, најчесто седи додека пее, а еуфоричната публика ја опсипува со пари.

<

На страницата на музичкиот канал Јутјуб пак, нејзините видеа имаат и по два милиони прегледи.
Која е Пандора, скромната пејачка на која цела агенда за 2022 година веќе и е исполнета со закажани гостувања во земјава и странство, за ,,Фокус” раскажува нејзиниот сопруг и менаџер, Беким, инаку познат во јавноста како сопственик на ,,Elite cars nmk”, компанија која се занимава со изнајмување на луксузни автомобили и продажба на возила.

-Со сопругата Пандора и ќеркичката која има осум години живееме на релација Гостивар – Америка. Пандора е доста популарна, настапува со стари изворни албански песни најчесто, и иако е млада, има 27 години, таа речиси 15 години е посветена на музиката. Јас ја менаџирам нејзината кариера, успевам да балансирам помеѓу мојот бизнис со автомобилите и редовните настапи на сопругата.
Моментално се подготвуваме за турнеја во Германија, од таму продолжуваме во Швајцарија. Интересот на нашата дијаспора за Пандора е огромен, во наредниот период имаме закажано околу 80 свадби. Агендата за речиси цела 2022 година и е исполнета, публиката ја сака и ја бара да настапува. Хонорарот за свадба изнесува 2.000 евра, без бенд, заедно со бенд е 3.000 евра. Секаде каде што настапила, луѓето биле задоволни – раскажува Беким.

Додава дека снимките на кои се гледа како Пандора е опсипана со бакшиш додека пее, зборуваат за тоа колку таа и значи на публиката. Вели дека најголемиот бакшиш кој го добила за време на свадба во Германија изнесувал 24.000 евра.

За повеќе детали од интервјуто:Тука

Извор: Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...