Во средно училиште во Куманово, ученичка вчера во Куманово со нож ранила свој соученик.
„Во СВР Куманово вчера во 16.30 часот е пријавено дека во болницата во Куманово со повреди од остар предмет е однесен малолетник од Куманово. По преземени мерки е утврдено дека тој е повреден во средно училиште од малолетна ученичка во училиштето. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“ – информираа од СВР Куманово.