16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗабаваОд водата во овој манастир, слепите прогледувале, а немите прозборувалe

Од водата во овој манастир, слепите прогледувале, а немите прозборувалe

Мештаните од околните села прераскажуваат дека многу неподвижни откако ќе се напиеле од чудотворната вода од изворот покрај црквата – проодувале, слепите прогледувале, а немите прозборувале.

Манастирот Џунис е женски манастир во нишката епархија. Се наоѓа во истоименото село Џунис, на подрачјето од градот Крушевац. Легендата за настанокот на манастирот Џунис е поврзана со дамнешно предание за појавувањето на Мајката Божја и изворот на светата вода на местото на кое подоцна селаните ќе подигнат манастир.

Преданието за чудотворната вода од манастирот Џунис потекнува од 1898 година. Во него се вели дека Богородица и’ се прикажала на 13-годишно девојче, пред кое тогаш се отворило извор. Мајката Божја го благословила и прорекла дека ќе лекува болни.

Мајката Божја му рекла на девојчето да им пренесе на селаните на тоа место да подигнат црква, а за да го означи местото на изградба, фрлила кофа вода на каменот, кој според легендата и сведочењето на старите монахини од манастирот, со текот на времето се зголемува и сега се наоѓа во малата црква, првобитно црквата-брвнара, подигната во 1934 година. Манастирот Џунис со Црквата на Пресвета Богородица ги осветил српскиот патријарх Павле, 14 октомври кога се слави празникот на Богородица кога на ова место се собираат и по неколку илјади верници кои присуствуваат на бдеењето и утринската литургија.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...