16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСтружанец дели бесплатна храна до социјално ранливите категории !!!

Стружанец дели бесплатна храна до социјално ранливите категории !!!

Имам две компании со кои соработувам и храната ми остануваше, па ја фрлавме и така дојдов до идеја, да го давам оброкот на некој што навистина му е потребен“, рече Никола Петрески, иницијатор на „Достава на храна“ од Струга.

Никола Петрески од Струга, три пати неделно дели бесплатен топол оброк на лица од социјално ранливите категории во градот. Иако иницијативата е на самиот почеток, вели дека од ден на ден се зголемува бројот на негови сограѓани кои имаат потреба од храна.

„Им приготвувам топли оброци, манџи, ориз со пилешко, компир манџа… Она што е наше традиционално јадење. Јас сакам сето тоа да дојде како некоја зрелост во луѓето, да им помагаат на луѓето, да помагаат на другите. Во првиот месец фрлав отприлика околу 6-7 килограми на храна“, додава тој.

Меѓу оние кои подигнаа топол оброк беше и Јован, кој повеќе од шест години живее како бездомник. На улица останал откако двете претпријатија каде што работел ги затвориле.

„Првпат доаѓам овде, за еден ручек, за едно јадење. Но, најголем проблем ми е за спиење. Преживувам, просам за да преживеам и за да се облечам, да јадам, за превоз, за лекови… Немам никакви приходи. Се обратив по установите во Охрид и Скопје, но чаре не најдовме“, вели Јован.

Никола сака на неговата идеја да се приклучат и останатите угостителски објекти во Струга, храната која останува наместо да се фрла, да завршува онаму каде е најпотребна.

„Понеделник, среда и петок ја имам иницијативата. Доколку има заинтересораност и од некои ресторани, како што рековте вие, би можело да има оброци и во вторник, четврток и сабота“, вели тој.

По повод Денот на благодарноста во САД, Американското катче од Струга, ја подржува оваа иницијатива со педесет оброци. Од таму, апелираат до сите оние кои се во можност да отпочнат или поддржат општествено-корисни акции, да земат поактивно учество во заедницата, со цел подобрување на условите за живот на сите граѓани.

По повод Денот на благодарноста во САД, Американското катче од Струга, ја подржува оваа иницијатива со педесет оброци.
За да го погледнете видеото кликнете ТУКА.

Извор: Глас На Америка

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...