14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарија ќе треба да исплати 13 милиони евра доколку се докаже дека...

Бугарија ќе треба да исплати 13 милиони евра доколку се докаже дека условите на патот се причина за смртта на 45 патници !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарски „Блиц“ пишува дека Република Бугарија ќе треба да исплати 125 илјади евра по лице односно околу 13 милиони евра за починатите од сообраќајната несреќа доколку се докаже дека условите на патот се причината за смртта на 45 државјани на С. Македонија.

<

„Вината за инцидентот е комплексна, како кај возачот на автобусот, така и кај инфраструктурата на подрачјето на несреќата“, изјави адвокатот Николај Димитров.

Според него, на прво читање, возачот не ги почитувал условите на патот на кој имало и намалена видливост.Но, од друга страна, може да се докаже дека за несреќата виновни се условите на патот, односно инфраструктурата и неговото одржување.

„Случајот е комплициран бидејќи бројот на загинати е огромен, а границите на осигурувањето од граѓанска одговорност на автобусот во Северна Македонија се ограничени и нема да можат да ги покријат сите побарувања на побарувачите“, рече адвокатот Димитров.

Пресметките покажуваат дека парите од осигурувањето нема да бидат доволни ниту за една десетина за покривање на штетите. Така, доколку се докаже вина на матичната Агенција за патна инфраструктура (РИА), најверојатно сите наследници ќе побаруваат отштета жалејќи се на патните услови, бидејќи Бугарија е местото каде што се случи несреќата. Експерти од бугарските осигурителни компании коментираат дека се очекува сумата да достигне најмалку 25 милиони лева (12,5 милиони евра). Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...