13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВМРО ДПМНЕ бара одговорност за автобуската несреќа

ВМРО ДПМНЕ бара одговорност за автобуската несреќа

За автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема одговори, а секојдневно се појавуваат нови дилеми. Јавноста се уште нема добиено одговори на прашањата кои се од јавен интерес, кој не засегаат сите нас, а обврска на власта е да даде одговори. Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до Инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс?

Ова денеска го изјави Марија Митева, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција за медиумите.

Таа праша дали коалицијата СДСМ/ДУИ е поважна од животите на граѓаните?

– Повторно бараме одговор на прашањето дали е вистина дека директорот Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите? Дополнително, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување директорот Руфат Хусеини ги исполнува законските одредби за пензионирање уште од месец март оваа година па јавноста треба да слушне одговор дали неговото продолжување на функцијата е со цел да се овозможува незаконски транспорт на фирмите? Конкретниот автобус 135 пати ја поминал границата без лиценца за меѓународен транспорт. Дали е вистина дека автобусот фабрички е наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно за повеќе од 10% над фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација – атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт, запраша Митева.

Митева посочи дека е срамно е што во јавноста луѓето кои се поставени од СДСМ и владата сметаат дека не е виновна корупцијата на институциите во случајот со фаталната сообраќајка, туку луѓето кој не ја забележале корупцијата.

– Обидувањето да се прикријат сопствените пропусти и неспособноста со насочување на вината кон луѓето е уште начин на кој функционира коалицијата СДСМ-ДУИ. Повеќе од неопходно е јавноста да ги добие одговорите и конечно власта да понесе одговорност, додаде портпаролката.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...