19.2 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјани сè уште немаат каде достојно да ги закопаат или кремираат своите...

Скопјани сè уште немаат каде достојно да ги закопаат или кремираат своите миленичиња !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На сајтот на една фирма за кремирање во Загреб наведени се следните услуги: преземање на телото (на миленичето), кремирање, полагање на останките во касета и вкопување на касетата во гробно место. Компанијата врши превоз од повеќе хрватски градови до гробиштата во главниот град и тоа се наплаќа посебно, а цените за закопот се меѓу 15 и 200 евра. Според каталогот, гробовите на милениците имаат површина од пола до 2,5 метри квадратни.

<

Скопјани сè уште немаат каде достојно да ги закопаат или кремираат своите миленичиња, по примерот на други градови во регионот. Мачките, кучињата и другите животни завршуваат во дворовите на оние кои имаат куќи, по разни илегални локации на Водно и Скопска Црна Гора, а доколку се најдат во контејнер или да скапуваат на улица ги собира комуналната служба на Скопје и ги носи во една посебна јама во депонијата „Дрисла“.

Додека системски решенија за ова се очекуваат од градот Скопје или од државата, шпекулациите велат дека постојат луѓе кои на повик илегално ја завршуваат работата која би требало да ја направи некое идно јавно, или приватно претпријатие. И до 50 евра се плаќаат за некој друг да го земе вашиот миленик и „да ја заврши работата“ наместо вас. Значи, сепак гробишта за миленици би можел да биде одржлив бизнис? Колку би чинела услугата ако тоа беше легално? За жал, уште не знаеме колкав е бројот на починати миленичиња годишно за да извлечеме заклучоци.

Статистика за тоа колку миленичиња или општо животини починуваат во државата уште не се води. Луѓето понекогаш се јавуваат кај ветеринарите кога животното ќе почине во домашни услови и тоа тие го регистрират во ВИС електронскиот систем од АХВ, Агенцијата за Храна и тогаш тие имаат евиденција. Но, тој систем од 2017 година важи само за чипираните животни. Има многу нечипирани, а и многу од сопствениците не се јавуваат – вели Жарко Радовиќ, ветеринар од „Пет Свет“.

Меѓу 50 и 200 евра чини кремирање, превоз и достоен закоп во Софија, Загреб, Истанбул …

Ако побарате на интернет, во соседна Софија постојат неколку центри за кремирање на миленичиња. Негде околу 50 евра ако миленичето има до 5 килограми, а до 100 евра ако животното има до 50 кг се плаќа во Бугарија за заедничко, а дупло од тие цени за засебно кремирање. Гробници пак, за миленичиња, мапата покажува дека има во Белград, Истанбул, во соседна Грција.

На сајтот на една фирма за кремирање во Загреб наведени се следните услуги: преземање на телото (на миленичето), кремирање, полагање на останките во касета и вкопување на касетата во гробно место. Компанијата врши превоз од повеќе хрватски градови до гробиштата во Загреб и тоа се наплаќа посебно, а цените за закопот се меѓу 15 и 200 евра. Според каталогот, гробовите на милениците имаат површина од пола до 2,5 метри квадратни.
Извор: Плус Инфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...