16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонија„Табличките на автобусот на Беса Транс не постојат“- Хусеини прстот го вперува...

„Табличките на автобусот на Беса Транс не постојат“- Хусеини прстот го вперува кон МВР и Царина, од таму молк

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи испрати извештаи за неспроведување на анти-ковид мерките за автобусот кој ја предизвика трагедијата во Бугарија. Во тие извештаи се евидентирани регистарски таблички кои не постојат, откри синоќа во „Клик Плус“ директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини.

<

Новинар: Дали автобусот е нерегистриран?

Р.Х: Ја поминал границата над 130 пати. Јас добив 58 извештаи од Министерството за внатрешни работи од „Деве Баир“ и сите регистарски таблички на возилата се регистрирани. И јас ја имам оваа регистарска табличка. Но, тоа не е тој автобус. Табличката на овој автобус не постои.

Хусеини зачуден како Царинската управа дозволила автобусот на „Беса Транс“ да ја помине границата без лиценца. Вели дека царината има законска обврска да го извести Инспекторатот ако некој автобус не поседува лиценца, додавајќи дека царинарниците не смееле да му дозволат да излезе вон државата.

„Јас не сум одговорен за ова што се зборува дека ја поминал границата 130 пати и што не е регистриран никаде, и јас се чудам. Јас не добив никакво известување од Царинската управа дека автобус на Х (икс) компанија ја поминал границата без извод од лиценца, и покрај тоа што има законска обврска да ме извести и да не дозволи автобусот да ја помине границата. Едно нешто е јасно – ако нема извод, не смее да ја помине границата“, истакна Руфат Хусеини.

Во однос на овие две прашања, ТВ21 побара одговор и од МВР и од Царинската управа, но до овој информативен магазин не добиле одговор.

Инаку, во пожарот кој изби во автобусот на „Беса Транс“ на 23 ноември во Бугарија додека се враќаше од Турција трагично настрадаа 45 патници, а со повредени се здобија 7 лица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...